HEALTH SERVICES RESEARCH, AND MUCH MORE...
 
Биди Healthgrouper консултант 

Целта на овој проект е да ја зголеми информираноста на пациентите и да им понуди повеќе можности поврзани со донесувањето одлуки за нивниот понатамошен третман



Меѓународниот проект Хелтгрупер објавува меѓународен повик за ангажирање консултанти лекари – специјалисти. Основната задача на ангажираните консултанти ќе биде врз основа на документација со која располага пациентот за поставена дијагноза и предложен натамошен третман да дадат совет, односно експертско мислење кое се заснова врз стручна анализа на документацијата по однос за состојбата на  здравјето на пациентот. Консултантите може да дадат и дополнителни информации, како и совети за зачувување, подобрување и унапредување на здравјето. Хелтгрупер ги повикува сите лекари специјалисти да покажат интерес и да аплицираат он-лајн или преку емаил. Конкурсот е отворен за консултанти во сите специјалности, а посебно за специјалисти по:

  • Хирургија (неврохирургија, абдоминална, торакална, ортопедија, урологија)
  • Гинекологија
  • Кардиологија
  • Гастроентерохепатологија
  • Нефрологија
  • Хематологија
  • Педијатрија
  • Дерматологија
  • Неврологија
  • Радиологија
  • Онкологија
  • Патологија

Консултантите е потребно да бидат доктори со најмалку 7 години работно искуство како специјалисти во соодветната област. Конкурсот е отворен и за пензионирани доктори. Заинтересираните кандидати ќе бидат ангажирани хонорарно, по претходно склучен договор со Healthgrouper.

Целта на овој проект е да ја зголеми информираноста на пациентите и да им понуди повеќе можности поврзани со донесувањето одлуки за нивниот понатамошен третман. Преку овој проект Хелтгрупер очекува дека пациентите ќе добијат можност од дополнително и независно експертско мислење кое може директно да влијае кон намалувањето на приватната потрошувачка која граѓаните ја одвојуваат за зачувување, подобрување и унапредување на своето здравје.

Сите специјалисти кои се заинтересирани да бидат ангажирани како Хелтгрупер консултанти потребно е да достават писмо за интерес и биографија (CV) на следната адреса: consultant аt healthgrouper.com или на адреса Бул 50 Дивизија бр 26-3/3, 1000 Скопје. 

Повикот е отворен и за лекари специјалисти од странство. За сите дополнителни информации слободно јавете се на + 389 2 3 11 44 00, секој работен ден од 09:00 до 15.00 часот. Лица за контакт Јана Мелоска Петрова и Сања Спасова.

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers