HEALTH SERVICES RESEARCH, AND MUCH MORE...

General Hospital 8-mi Septemvri, Skopje

General Hospital , Skopje

Историја Градската општа болница „ 8 - ми Септември “ е изградена во почетокот на 1970 година како голема регионална воена болница за поранешната Армија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија . За денешната далеку помала Армија на Република Македонија , болницата има преголем физички капацитет . Болничкиот дел е сместен на 8 ката , при што секој кат има по две одделенија поврзани со заеднички ходник . На секое одделение има по 32 кревета . Првичниот број кревети за хоспитализирани пациенти беше околу 500 кревети . На пониските катови има поликлинички амбуланти , дијагностички кабинети , операциони сали и помошни служби . Болницата е изградена на голема парцела која е оддалечена околу 2 , 5 км од центарот на градот . Вкупната површина на објектот е околу 40 . 000 м2 од more

кои 4 . 000 м2 се доделени на приватна болница за кардиохирургија и 700 м2 на приватна стоматолошка клиника . Во втората половина на 2009 година главна задача беше постоечката Воена болница да се подели на два дела , при што едниот дел се пренесе во сопственост на Министерството за здравство , а останатиот помал дел од болницата остана под Министерство за одбрана како воена амбуланта . Болницата соработува со сите општи и клинички болници и здравствени домови во градот Скопје и државата со тоа што презема и третира пациенти во секундарна и терциерна здравствена заштита , потоа соработува со приватните концесионерски општи амбуланти , со општата служба за итна медицинска помош ( брза помош ), со Републичкиот Завод за Трансфузиологија , Институтот за Јавно Здравје , Министерството за Здравство , Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија и Министерството за Одбрана со кое има потпишано меморандум за пружање здравствена заштита на воените осигуреници . Мисија Мисијата на Градската општа болница „ 8 - ми Септември “ е да обезбедува секундарна и терцијарна медицинска грижа во третманот на пациентите преку давање првокласна , ефикасна и рентабилна услуга на најдобро можно професионално ниво за градот Скопје и Република Македонија . Основните цели и задачи на Болницата , насочени кон остварување на нејзината определба , опфаќаат исполнување на највисоките вредности за интегритет , почит кон луѓето , квалитет , раководење и тимска работа . Болницата е посветена на создавање опкружување во кое пациентот е во центарот на сè што се работи . Исто така , таа е посветена на остварување врвни резултати , како и на начинот како да се постигнат истите .

City

Skopje

Street

Pariska NN

Post Code

1000

Insurances Accepted

  • National (Social) Health Insurances
    • Contract with Health Insurance Fund of Macedonia
      • Full contract with Health Insurance Fund of Macedonia
    • Private patients

      Specialists

      Short Description

      Општа болница

      Procedures Performed

      Telephone #

      02 3087- 400

      Fax #

      02 3072-125

      Chief Executive/s

      Doc. D-r Hristijan Kostov

      Contact Person

      info@bolnica.org.mk

      Category

      General Hospital

      Profile last changed 6 months ago. Profile is 93.8 % complete.

      Symptom Grouper

      Select one of the figures, part of the body where you have symptoms, and find your doctor.
      providers