ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.

Преглед по Состојби

Состојби | Процедури | Анализи< Претходни | Следни >

Calcar calcanei (израсток на петата)

Радиолошки наод, кој кога е лоциран на долниот дел од петната коска, честопати е асоциран со плантарен фасцитис и анкилозирачки спондилитис.

Halux valgus (бунион)

Зголемување на коската или ткивото околу зглобот на главата на палецот на ногата, при што палецот се свиткува и се насочува кон вториот прст.

Oppositional Defiant Disorder (ODD)

Абнормално вагинално крвавење

Обемно, продолжено или нерегуларно менструално крвавење или вагинално крвавење кое не е асоцирано со менструалниот циклус.

Акни

Акни се мозолчиња (нар. бубулички) на кожата кои можат да бидат израстоци со бели и црвени врвчиња или пак да бидат во форма на папули, пустули или цисти.

Алергиски реакции

Презасилен имун одговор или реакција кон супстанции кои генерално не се штетни. Вообичаени алергиски реакции се егзема, уртикарија, поленска треска, напад на астма, алергија на храна и реакции на отровот од инсекти, како што се оси и пчели.

Алкохолизам

Алкохолизам е зависност од пиење големи количества алкохолни пијалаци.

Алцхајмерова болест

Најчеста форма на деменција која постепено се влошува со тек на времето. Ги зафаќа меморијата, мислењето и однесувањето.

Амиотрофична латерална склероза (болест на Лу-Гериг)

Заболување на нервните клетки во мозокот и ’рбетниот мозок кои го контролираат волевото движење на мускулите.

Ангина

Тип на фарингитис предизвикан од инфекција со стрептокока од групата А. Тоа е најчеста бактериска инфекција на грлото.
providers