ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
* Име
* Презиме
* Специјалност
* E-Mail
* Телефон
* Години работно искуство
* Држава
* Град

*
* Порака
* CAPTCHA
* Се согласувам со условите на користење
Услови за користење

Добре дојдовте на веб-страницата www.healthgrouper.com, меѓународен проект за размена на информации поврзани со здравството. ХЕЛТГРУПЕР САМИТ од Скопје (во понатамошниот текст: „ние“ или „Healthgrouper“) е сопственик и управува со веб-страницата www.healthgrouper.com. Услугите коишто Ви ги нудиме на www.healthgrouper.com се состојат во собирање податоци и други информации поврзани со здравството во Југоисточна Европа, a кои се од посебен интерес за корисниците и потенцијалните корисници на здравствени услуги, како и од интерес за здравствените установи и медицинскиoт, односно здравствениот персонал. Ние собираме и дистрибуираме поединечни и групирани информации кои се однесуваат на здравствените установи, здравствените услуги кои тие ги нудат, како и информации кои се однесуваат на доктори на медицина и стоматологија од сите специјалности. Информациите ги собираме, систематизираме и групираме во соработка со партнерски компании од повеќе држави, при што користиме идентична методологија. Како извор на информации користиме податоци собрани од сопствените истражувања, од официјални извори, како и податоци кои корисниците на оваа веб- страница доброволно ќе му ги дадат на Healthgrouper.

Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење пред да пристапите да ја користите или пребарувате оваа веб-страница. Условите за користење го уредуваат вашиот пристап и начинот на користење на веб-страницава. Со самиот факт што сте пристапиле и ја користите веб-страницата www.healthgrouper.com (или за корисниците во Македонија www.najdidoktor.mk и www.healthgrouper.mk) изјавувате дека ги прифаќате условите и правилата за користење. Имено, како корисник на нашата веб-страница, при регистрација, е потребно да го обележите копчето „се согласувам“ или пак со самото пристапување, користење или пребарување низ оваа веб-страница или на некој материјал од неа, Вие, во Ваше име или во име на Вашата ФИРМА (установа), колку што е тоа применливо, прифаќате и потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте согласни со сите правила и услови за користење. Ако пристапувате, ја користите или пребарувате веб-страницата во име на приватна, или во име на фирма во државна сопственост, Вие прифаќате дека сте овластени и можете да ја обврзете Вашата фирма (установа) кон сите правила и услови за користење согласно со овој договор. Правото на користење на веб-страницата е Ваше лично право и не може да го пренесувате на друго физичко или правно лице. Заштитата на доверливоста на Вашата лозинка е Ваша одговорност. Ако Вие или Вашата фирма (установа), како што е соодветно, не сте согласни да се обврзете кон сите правила и услови за користење и доколку не ги прифаќате условите за користење Ве молиме да се воздржите од пристапот и од користењето на нашата веб-страница.

Промени на содржината и откажувања

Напомeнуваме дека ние го задржуваме правото за промени во кое било време и од кои било причини на Условите за користење и Политиката на приватност. Промените влегуваат во сила со нивното објавување на веб-страницата. Ви препорачуваме, повремено да ги проверувате Условите за користење и Политиката на приватност, бидејќи користењето на веб-страницата од Ваша страна по извршените промени, ќе значи дека сте согласни со промените и дека ги прифаќате. Ние може да ги откажеме или суспендираме услугите и Вашиот приод во кое било време, без најава или други причини. Вие, исто така, може да го откажете користењето на веб- страницата во кое било време без најава или од кои било причини.

Напомена: Healthgrouper е меѓународен проект и како резултат на тоа на нашата веб-страница ќе најдете податоци за здравствените установи, здравствените услуги и за докторите на медицина и стоматологија во Република Македонија и за земјите во регионот од Југоисточна Европа. При пристапувањето кон одделните делови од веб-страницата кои се однесуваат на друга земја и се изготвени на јазиците на одделните земји, Ве молиме внимателно да ги прочитате условите за користење и политиките за приватност, кои може да се разликуваат во зависност од законите кои се таму применливи. Политиките на www.healthgrouper.com се изработени на официјалните јазици на земјите учеснички. Сепак, во случај на спор, англиската верзија на политиките е доминантна во однос на останатите.

Услуги кои ги нудиме

Healthgrouper посредува во давањето одредени дефинирани и насочени информации на своите корисници за здравствените установи, здравствените услуги и лиценцираните доктори по медицина и стоматологија. Информациите се презентирани во вид на профили со стандарден и систематизиран формат едноставен за следење и споредба. Постојат индивидуални профили на доктори и стоматолози за чие креирање тие сами ги поднесуваат информациите поврзани со нивниот професионален ангажман. Вториот вид се институционални профили на здравствените установи согласно со нашата класификација (види линк). Сите описни информации за здравствените установи се состојат од општи и специфични информации. Информациите објавени на www.healthgrouper.com се добиени од здравствените установи, преку креирање на нивни профили, развој и примена на методологии за нивно субјективно и објективно категоризирање, како и собирање на податоци од докторите на медицина и стоматологија кои се наменети за создавање на можности за воспоставување и зајакнување на соработката помеѓу медицинските лица односно здравствениот персонал во различни земји. Со ова, овозможуваме зголемување на транспарентноста при обезбедувањето на здравствените услуги за крајните корисници –  пациентите. Ние вршиме систематизација, селекција и уредување на овие податоци на веб-страницата и вршиме нивна дистрибуција до крајните корисници.

Напомена: Информациите кои се содржат на www.healthgrouper.com не претставуваат факти или препораки од наша страна за да се користи услуга од некоја здравствена установа, доктор или стоматолог, ниту пак овие информации претставуваат замена за консултации со овластено и лиценцирано медицинско лице. Ние не даваме упати за користење на здравствени услуги, ниту пак препорачуваме или поддржуваме конкретни здравствени установи. Ние не нудиме совет за квалитетот или поволностите на некоја здравствена установа за одреден третман.

Нашата цел е да им овозможиме на нашите корисници збир од корисни информации кои може да им помогнат при изборот на здравствена установа или медицинско лице. Независно од информациите кои ќе ги добиете од нашата веб-страница за секоја одлука поврзана со вашата здравствена состојба задолжително консултирајте се со Вашиот матичен доктор или друго овластено медицинско лице. Ниту една информација од оваа веб-страница не ја сметајте како здравствен или медицински совет. При секоја одлука за избор на определена здравствена установа или здравствена услуга од установите кои се презентирани на нашата веб-страница Ви препорачуваме да се консултирате и да добиете дополнителни информации поврзани со квалитетот, изборот и цената на здравствените услуги. Вие како корисник на нашата веб-страница ја преземате целата одговорност во врска со изборот на здравствената установа, здравствената услуга или изборот на доктор или стоматолог без разлика дали информацијата сте ја добиле од нас или не. Ние не сме одговорни за никаков вид преземени обврски, за дадени совети, лекување или други услуги кои ги дава некоја здравствена установа, ниту за тврдења за злоупотреби и други тврдења кои можат да произлезат директно или индиректно од ваков совет, лекување или друга услуга. Одговорноста е на здравствената установа која ја овозможила/дала здравствената услуга.

Начин на користење на веб-страницата

Со самото пристапување на нашата веб-страница или со одбележување на делот „се согласувам“, при регистрацијата, ние Ви доделуваме повратно, неексклузивно и ограничено право и лиценца за пристап и пребарување на веб-страницата и материјалите од неа. Можете да копирате, симнувате, чувате и/или печатите само една копија од кој било материјал на веб-страницата, единствено за Ваша некомерцијална, лична употреба која не е за продавање, откривање или дистрибуција до некој друг. Во однос на секое дозволено копирање на материјалите од веб-страницата, крајниот корисник е обврзан да ги почитува важечите прописи во Република Македонија и прописите на земјите кои се вклучени во проектот www.healthgrouper.com особено во однос на авторското право, доверливоста и други правила за сопственост кои се дел од материјалите на веб-страницата и кои треба да бидат пренесени на секоја копија.

Крајните корисници на оваа веб-страница нема да поставуваат, објавуваат или на друг начин да прават достапни материјали кои подлежат на авторско право, трговска марка или други права на интелектуална сопственост, без одобрение на носителот на тие права. Корисникот е одговорен за штетата што ќе ја направи со објавување на материјали без согласност на носителот на авторското право, злоупотреба на трговска марка и други права на интелектуална сопственост. Крајниот корисник со поставување и објавување на информациите и материјалите на www.healthgrouper.com ни доделува бесплатно, неповратно, временски неограничено, неексклузивно право и лиценца за користење, прилагодување, објавување и дистрибуција на тој материјал. Сите права кои не се отворено дадени се задржани за Медекс груп и поврзаните компании.

Крајниот корисник не смее на веб-страницата да внесува заканувачки, штетни, нелегални или навредливи податоци, информации, клевети, материјали или друга содржина, да промовира електронска комуникација со други интернет страници кои се конкурентни на www.healthgrouper.com и да врши политичка или верска пропаганда. Медекс груп и поврзаните компании не се одговорни за ваквите поставени содржини од корисниците и го задржуваат правото да ги отстранат овие, како и други содржини кои се несоодветни за веб- страницата. Од корисниците се очекува да постапуваат согласно со позитивните прописи во Република Македонија и со прописите на земјите учеснички. Исто така, забелешките за какво било наводно нарушување на авторските права на оваа веб-страница треба да се испратат до  Healthgrouper на следната е-меил адреса: info@healthgrouper.com

Одржување и одговорност за податоци и лозинка

Ако сакате да пристапите кон одреден дел од веб-страницата кој се однесува на поднесување информации во врска со Вашата субјективна проценка за квалитетот, цената или други карактеристики на услугите кои ги нудат одередени установи, доктори или стоматолози или пак друг вид материјали кои Вие сакате да ги споделите со нас, морате да изберете лозинка во процесот на регистрација за оваа веб-страница.

Healthgrouper нуди три типа на регистрација:

а) регистрација за редовни корисници;

б) регистрација за установи и

в) официјална регистрација за медицински лица односно доктори и стоматолози.

Со регистрацијата Вие се претставувате и гарантирате дека: имате 18 години; го користите Вашиот вистински идентитет; сте дале само вистинити, точни, актуелни и целосни податоци за Вас при процесот на регистрација и дека ќе ги одржувате и навремено ажурирате податоците кои сте ги дале со цел тие да бидат вистинити, точни, важечки и целосни. Можете повремено да ги ажурирате податоците со најавување на веб-страницата и со кликнување на копчето „Уреди го твојот профил“. При креирањето на профилите на установите и медицинските лица потребно е да се достават официјални документи со кои ќе се потврди идентитетот и лиценцата на докторот или стоматологот како и потврда од установата дека лицето кое го креира профилот има овластување за него.

Со најавување на веб-страницата употребувајќи лозинка, Вие се претставувате дека сте овластени да ја користите лозинката и да се вклучите. Само Вие сте одговорни за доверливоста и употребата на Вашата лозинка, како и за секоја активност која се води на или преку веб-страницата преку Вашата лозинка. Ако сакате да ја откажете лозинката или ако забележите загуба, кражба или неовластена употреба на лозинката, Ве молиме веднаш да нè известите.

Престанок на деловниот однос

Ние може да го раскинеме деловниот однос со крајниот корисник во кое било време. Ние го задржуваме правото да ја укинеме лозинката или корисничкиот профил ако крајниот корисник не се придржува на Условите за користење и ако се однесува неприфатливо според наша оцена.

Сопственост, доверливост

Healthgrouper е регистрирана трговска марка во земјите на ЕУ и е во сопственост на МЕДЕКС ГРУП, ДООЕЛ од Скопје. Веб-страницата е заштитена со прописите за авторски права за заштитно лого и за останатите прописи. Вие сте согласни да не влегувате во каква било активност која претставува прекршување на авторските права во однос на материјалот од веб-страницата. Прифаќате дека Healthgrouper ги селектирал, усогласил, уредил и приспособил податоците и информациите во однос на здравствените установи, медицинските состојби, процедури и анализи како и профилите на поединечните доктори кои доброволно ги доставиле до нас. Како корисници сте согласни дека не смеете да репродуцирате, создавате изведенки, дистрибуирате, јавно изведувате или јавно објавувате материјали од веб-страницата или од кој било дел без претходна согласност од нас. Ако не е во согласност со Условите за користење или ако не е поинаку одобрено од наша страна по писмен пат, не смеете, директно или индиректно, да пренесувате, симнувате, закачувате, прикажувате, продавате, изнајмувате, лиценцирате, префрлувате, објавувате, копирате, ставате во рамка, разложувате, расклопувате или употребувате ниту еден аспект од оваа веб-страница или некој материјал од неа (вклучувајќи и оценувања), целосно или делумно, во која било форма или на кој било начин. Исто така, корисникот е согласен дека нема, директно или индиректно, да употребува какви било оценувања за каква било цел освен за лична, некомерцијална оцена на давателите на здравствени услуги, нема да состави поштенска листа или друга листа на даватели на здравствени услуги за комерцијални цели, нема да создава независни документи со податоци или резиме на статистички податоци или да прекрши некои применливи закони или регулативи. Покрај тоа, нема да употребува метаознаки или некаков друг „скриен текст“ во кој ќе се користи името Healthgrouper без претходна писмена дозвола од нас.

Ние сме посветени на почитување на авторското право и законите од соодветната област и очекуваме од сите корисници на веб-страницата, исто така, да ги почитуваат овие закони. Користењето на веб-страницата за пренесување на каква било содржина или за вклучување во  каква било активност која ги нарушува авторските права или некое друго право на трето лице, значи прекршување на овие Услови за користење. Вие му гарантирате на Healthgrouper дека сте сопственик, или сте поинаку законски овластени да употребувате податоци, материјали или друга содржина која ја пренесувате до или преку веб-страницата, како и тоа дека нивната употреба не го прекршува авторското право или законите од соодветната област и нема да повреди некоја личност или правно лице.

Времетраење на користењето

Корисникот е согласен дека Условите за користење ги прифатил/а во моментот на регистрацијата или со пристапувањето и користењето или со пребарувањето на веб-страницата и на некој материјал од неа. Ние го задржуваме правото, во секое време и од секоја причина, без да Ве известиме: да Ви забраниме пристап до веб-страницата, до материјалот од неа или до сè што е поврзано со неа; да ја промениме, отстраниме или да ја укинеме веб-страницата, некој дел од неа или некој материјал и услуги кои се достапни на веб-страницата или до кои се доаѓа преку неа. Всушност, го задржуваме правото да ги промениме Условите за користење.

Нашата Политика на приватност

За нас заштитата на личните податоци на нашите корисници е многу важна. Затоа, усвоивме Политика на приватност со која се дефинира нашата дејност за собирање на лични податоци. За повеќе детали за тоа како ги собираме и користиме личните податоци од корисниците на веб- страницата прочитајте во Политиката на приватност. Со прифаќањето на Условите за користење, Вие автоматски се согласувате и со Политиката на приватност, којашто е составен дел на Условите за користење.

Врски до другите веб-страници

Веб-страницата може да содржи врски до другите веб-страници на светската интернет мрежа заради нејзино полесно користење од страна на нашите корисници. Другите веб-страници ги одржуваат трети лица над кои ние немаме контрола. Според тоа, не сме одговорни за содржината, политиките и дејноста на овие веб-страници, како и за достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, производите и услугите достапни или рекламирани на или преку овие трети веб-страници. Покрај тоа, овие врски не подразбираат, директно или индиректно, наше прифаќање или здружување со некоја друга веб-страница, нејзин сопственик или некој податок, производ или услуга кој го дава некое трето лице. Кога излегувате од нашата веб-страница, треба да знаете дека нашите услови и политики повеќе не се применливи и затоа треба да ги прегледате Условите за користење и Политиката на приватност на секоја веб-страница.

Дозвола за употреба на Вашите поднесоци

Некои или сите податоци (освен податоците дадени при регистрацијата, кои треба да се третираат како што е дефинирано во останатите одредби од Условите за користење), предлози, повратни информации, концепти, коментари, објаснувања и други материјали кои ги објавувате или ни ги нудите на самата веб-страница или во врска со неа, некој материјал од веб-страницата (Поднесоци) се поднесуваат без ограничување или очекување за доверливост. Оттука, без надомест или понатамошни обврски, ни ги префрлувате сите досегашни или идни права, дозволувате други да ги употребуваат или ни го префрлате правото да ги користиме сите поднесоци. Понатаму, се согласувате Вашите поднесоци да се употребуваат без ограничување за каква било цел, комерцијална или поинаква, без надомест за Вас, вклучувајќи го и правото за употреба, репродуцирање, изменување, прилагодување, објавување, префрлување, јавно изведување или прикажување, преведување, создавање изведенки или поинакво споделување со јавноста на поднесоците на оваа веб-страница или на некое друго место од наша страна, од нашите застапници или други лица на кои сме им дозволиле да ги користат Вашите поднесоци. Корисникот е согласен да не бара никакво право на сопственост или морално право од кој било  вид за каков било поднесок.

Доверливост на интернет

Употребата на интернетот е исклучиво на ризик на корисникот. И покрај тоа што вложуваме напор да создадеме безбедна и веродостојна веб-страница, Ве советуваме дека доверливоста на целата комуникација или пренесен материјал преку интернет не може да биде загарантирана. Следствено, ниту ние, ниту нашите партнери не се одговорни за безбедноста на секој податок кој се пренесува преку интернет, точноста на податоците содржани на оваа веб-страница, или последиците од довербата во информациите. Вие мора сами да одлучите дали ќе ја користите веб- страницата. Ниту МЕДЕКС ГРУП и поврзаните компании од другите земји, ниту некој од вработените, ниту трети даватели на услуги не гарантираат дека веб-страницата нема да биде прекината или дека нема да има грешки, ниту пак гаранитираат за последиците кои можат да настанат со нејзиното користење. Корисникот потврдува дека  Healthgrouper не е одговорен за какво било несоодветно и противзаконско однесување на трети лица или на другите корисници и не е одговорен за ризикот од евентуалната штета што би настанала како резултат на таквото однесување. За неа одговара само корисникот.

Следење на веб-страницата

Ние го задржуваме правото да ја следиме и снимаме активноста на веб-страницата без да Ве известиме или да бараме дозвола од Вас. Healthgrouper ќе објави податоци, електронска комуникација, информации, материјали или друга содржина од секаков вид: доколку верува дека е потребно за правна или законска процедура; доколку објавувањето е неопходно или соодветно за работата на веб-страницата; или да ги заштитиме нашите права и сопственост, како и правата и сопственоста на нашите корисници или деловни партнери.

Настани надвор од нашата контрола

Користењето на веб-страницата и нашите услуги може да биде прекинато од причини кои не зависат од МЕДЕКС ГРУП. Според тоа, МЕДЕКС ГРУП и поврзаните оператори на www.healthgrouper.com не можат да бидат одговорни ако поради тие прекини дојде до губење на податоци при преносот на информациите. МЕДЕКС ГРУП и нашите партнерски компании ќе настојуваат да обезбедат континуирана достапност 24 часа дневно во текот на 7 дена во неделата. Сепак, доколку дојде до прекин од причини кои се надвор од контрола на МЕДЕКС ГРУП ДООЕЛ и нашите партнерски компании, корисникот го прифаќа и се согласува со можниот прекин или привремена недостапност на веб-страницата. Вие нè ослободувате нас и нашите застапници од сите тврдења за штета кои произлегуваат од причина/и над кои ние или тие немаме директна контрола, вклучително, но не и ограничено, на откажување на електронската и механичката опрема или комуникациските врски, телефоните или други проблеми со интерконекцијата, компјутерските вируси или другите штетни кодекси или податоци, неовластен пристап, кражба, грешки на операторот, временски несреќи, земјотреси, елементарни несреќи, штрајкови или други проблеми, војни или владини рестрикции и објавување на Вашите лични здравствени податоци кои Вие сте им ги дале на трети лица преку врските на нашата веб-страница.

Одрекување

Веб-страницата и материјалите на неа се дадени на база „како што е“ и „како што е достапно“ и се наменети само за информативни цели. Додека ние сме согласни да обезбедиме најточни, ажурирани информации, материјалот на веб-страницата може да содржи технички или други недоследности или печатени грешки и може да биде променет или ажуриран без претходно известување.

Во најголема можна мера согласно со законот којшто се применува, се оградуваме од сите гаранции од секаков вид, било изразени или затскриени, а се оградуваме и од:

а) сите гаранции во врска со достапноста, точноста, веродостојноста, комплетноста, валидноста, квалитетот, работата или прикладноста на веб-страницата, материјалот на неа или кој било производ, услуга или резултат добиен од или преку веб-страницата и

б) секоја скриена гаранција на наслов, непрекршување, можност за продажба или приспособливост за одредена цел.

Ние не даваме ветување или гаранција од каков било вид, отворено или прикриено, дека веб-страницата или некој материјал од неа ќе Ви помогне да одредите соодветена здравствена установа, доктор или стоматолог. Не ветуваме и не гарантираме дека оваа веб-страница ќе работи непрекинато, без грешки или без вируси или други штетни компоненти или дека дефектите, доколку ги има, ќе се поправат. Вие се согласувате дека употребата на веб-страницата или материјалот од неа е целосно на Ваш ризик.

Понатаму, отворено се оградуваме од одговорност и доверливост во однос на посебните договори кои ги склучувате со здравствените установи или со трети лица кои нудат производи или услуги на или преку оваа веб-страница, а Вие самите ќе си ги најдете здравствените установи и трети лица и сите тврдења кои ќе произлезат од ваквите договори и/или овие производи или услуги.

Ограничување на одговорност

Ниту МЕДЕКС ГРУП и поврзаните комапнии во одделните земји, ниту нашите вработени, ниту огласувачите – трети лица не гарантираат дека користењето на веб-страницата нема да биде прекинато или дека ќе биде без грешки, ниту гарантира за точноста и сигурноста на информациите и материјалите, услугите и производите објавени на веб-страницата, како и за последиците кои можат да настанат со употреба на оваа веб-страница, некој од материјалите на неа или некои производи или услуги добиени од или преку неа. Корисникот се согласува дека користењето на веб-страницата е на негова одговорност. Во случај на некој проблем со неа, материјалот од веб-страницата или некој производ или услуга добиени од или преку неа, единствено решение за Вас е да престанете да го користите тој производ.

Корисникот потврдува дека ние не сме одговорни за несоодветно, навредливо и противзаконско однесување на другите корисници на веб-страницата и дека ризикот од евентуалната штета што ќе настане како резултат на таквото однесување е на Корисникот. Ниту ние ниту физичките или правни лица кои учествувале во создавањето на оваа веб-страница и нејзиното производство и дистрибуција или со неа поврзани содржини, како и кој било софтвер нема да бидат одговорни за евентуалната штета што би настанала како последица на користење или неможност за користење на веб-страницата.

Со понапред наведените услови , ниту МЕДЕКС ГРУП ниту давателите на информации или партнерите кои ја уредуваат веб-страницата нема да бидат одговорни за каква било грешка, неточност или други недостатоци и несоодветност на информациите кои се наоѓаат на неа. Ова се однесува и за евентуалниот прекин во преносот на информациите и на какво било побарување или загуба кои би произлегле од тоа.

Надомест на штета

Корисникот се согласува дека за каква било штета тврдења, процеси, повреди, одговорности, загуби, трошоци и надоместоци на штета, вклучувајќи ги и трошоците за правно застапување кои би произлегле од Вашата употреба на оваа веб-страница нема да го смета за одговорно друштвото МЕДЕКС ГРУП, вработените лица и агенти, наследници и доверители.

Што во случај на спор?

МЕДЕКС ГРУП, ДООЕЛ е сопственик на www.healthgrouper.com со седиште во Скопје на адреса: бул. Климент Охридски 58-б, 1000 Скопје, Република Македонија. Правните спорови кои се поврзани со некоја активност која произлегува од содржината на веб-страницата, употребата на материјалот од неа или негова неовластена употреба, репродукција или реиздавање и друго, се во надлежност на судот во Скопје и се во согласност со позитивните прописи во Република Македонија. Корисниците кои ја користат веб-страницата се согласни дека сите спорови кои ќе произлезат или се во врска со Условите на користење се во надлежност на судот во Скопје.

Соопштенија и контакт со Healthgrouper

Сите соопштенија ќе Ви бидат испратени по е-пошта (е-меил) на адресата која сте ја пријавиле при регистрацијата. Соопштенијата ќе бидат веродостојни по еден работен ден од испраќањето на е-пошта.
Ако имате некои прашања во врска со Договорот за користење, веб-страницата или материјалот од неа или ако треба да нè известите за нешто, контактирајте нè преку истоимениот дел „контатирајте нè“, на е-меил адреса info@healthgrouper.com или по пошта на:

МЕДЕКС ГРУП, ДООЕЛ

Друштво за консалтинг, менаџмент и тренинг во здравството

Тел./факс: +389 2 3122 100

Адреса:

булевар Климент Охридски бр. 58-б

1000, Скопје, Македонија

Разно

Потврдувате дека, доколку Ви се даде пристап до и употреба на веб-страницата и материјалот од неа, ние се потпираме на овие Услови за користење.


Се согласувам со Условите за користење
providers