ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Први 100.000 посетители на Healthgrouper.com!

- Хелтгрупер е проект кој го градите Вие-корисниците и кој се гради од потребите;

- Два нови проекти: водичи за пациенти и ознака за квалитет


(25 јуни 2012) - Први 100 000 уникатни посетители на Хелтгрупер. Колку во принцип добро звучи тоа. За период од неколку месеци онлајн присаство успеавме да создадеме уникатен здравствен веб проект кој има за цел да обедини. Има за цел на едно место да ги интегрира интересите на лекарите, здравствените установи и корисниците на услугите од целиот регион.

Вие, корисниците на здравствени услуги за прв пат имате можност да добиете повеќе информации за докторите, да имате поголем избор, да може да напишете препорака, да можете да го оцените квалитетот на услугите кои ги добивате.

Вие, докторите за прв пат добивате можност да создадете и да бидете сопственици на професионални онлајн профили. Можете да ги наведете најбитните информации кои би ги интересирале вашите пациенти или колеги. Можете да ги одберете интервенциите и процедурите кои ги работите.

Здравствените установи можат да ги презентираат сите услуги кои ги нудат, да промовираат сопствени видео записи, како и да им понудат на пациентите информации за сите лекари кои се вработени кај нив. И сето тоа да биде достапно на повеќе јазици.

Успеавме да спроведеме повеќе стручни истражувања помеѓу лекарите и пациентите во Македонија, Бугарија и Србија. Резултатите беа објавени во повеќе од 200 печатени и електронски медиуми во целиот регион и направија свое несомнено влијание.

Хелтгрупер е проект кој го градите Вие-корисниците и кој се гради од потребите.

Ние во Хелтгрупер започнавме два нови проекти. Првиот е оценка за квалитетот на здравствените услуги кои ги нудат лекарите и здравствените установи (Повеќе тука). Вториот е за изработка на водичи за пациенти. Тие водичи ќе бидат наменети да им помогнат на пациентите како да дојдат до потребните услуги, и на кои прашања треба да добијат одговор со цел да го зголемат успехот од потребната интервенција. Како и да бидат вистински информирани за сопствената здравстена состојба.

Ќе следуваат и нови проекти за кои редовно ќе ве информираме.

За сета досегашна поддршка ...искрено Ви благодариме!!

Владимир Лазаревик

Основач и извршен директор

Healthgrouper.com

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers