ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
За Хелтгрупер

Хелтгрупер е меѓународен проект за размена на информации од здравството инициран и започнат во неколку европски држави (Бугарија, Словенија, Унгарија, Македонија, Србија и Албанија). Целта на овој проект е да ја зголеми транспарентноста во здравствените системи на земјите учеснички преку уникатна понуда: сите здравствени установи, лиценцирани доктори и стоматолози да креираат свои бесплатни (основни) Хелтгрупер профили. Профилите се страници на порталот Хелтгрупер кои ги содржат сите потребни информации кои докторите или институциите доброволно ги презентираат со цел да ги доближат своите услуги до корисниците. Хелтгрупер ги прикажува, групира, категоризира и систематизира сите даватели на здравствените услуги притоа доближувајќи ги до корисниците. Хелтгрупер овозможува размена на пораки, знаења и искуства помеѓу здравствените установи и корисниците и служи како платформа за интеракција во делот на здравството. Хелтгрупер им овозможува на посетителите да размислуваат за нивните здравствени потреби преку понуда на поголем избор даватели на здравствени услуги, многу информации и зголемена транспарентност во обезбедувањето на здравствените услуги.

Хелтгрупер не нуди медицински совет и не е замена за совет добиен од квалификувано медицинско лице.

Хелтгрупер ќе настојува да го подобри пристапот до здравството и квалитетот, како и пристапот до информациите за корисниците на здравствените услуги. Хелтгрупер, ќе ја стимулира соработката и комуникацијата помеѓу корисниците, докторите, стоматолозите и здравствените установи со единствена цел подобрување на здравството во нашите земји. Хелтгрупер како посредник помеѓу корисниците, докторите и установите служи како збирно место за презентација на сите информации за услугите кои тие ги нудат, како и за информациите поврзани со професионалното искуство и образование на докторите. Преку континуираниот развој на нашата регионална здравствена мрежа ќе настојува да ја зголеми транспарентноста, да ја стимулира и унапреди националната и прекуграничната комуникација и соработка помеѓу установите, докторите и пациентите во врска со знаењата, искуствата, вештините и технологијата која се употребува при обезбедувањето на различните здравствени услуги.

 

Сопственост

Здружението ХЕЛТГРУПЕР САМИТ www.healthgrouper.com со седиште во Скопје на адреса: Булевар 50 Дивизија бр 26-1-3/3, 1000 Скопје, Република Македонија управува со истражувачкиот проект Хелтгрупер. Правните спорови кои се поврзани со некоја активност која произлегува од содржината на веб-страницата, употребата на материјалот од неа или негова неовластена употреба, репродукција или реиздавање и друго, се во надлежност на судот во Скопје и се во согласност со позитивните прописи во Република Македонија. Корисниците кои ја користат веб-страницата се согласни дека сите спорови кои ќе произлезат или се во врска со Условите на користење се во надлежност на судот во Скопје. Работата на Хелтгрупер е регулирана со Статут на здружението

Соопштенија и контакт со Healthgrouper

Сите соопштенија ќе Ви бидат испратени по е-пошта (е-меил) на адресата која сте ја пријавиле при регистрацијата. Соопштенијата ќе бидат веродостојни по еден работен ден од испраќањето на е-пошта.
Ако имате некои прашања во врска со Договорот за користење, веб-страницата или материјалот од неа или ако треба да нè известите за нешто, контактирајте нè преку истоимениот дел „контатирајте нè“, на е-меил адреса info@healthgrouper.com или по пошта на:

ХЕЛТГРУПЕР САМИТ - Истражувања од областа на здравствените и социјалните политики 

Тел./факс: +389 2 3111 999; +389 2 3 11 44 00

Адреса:

ул. 50 Дивизија бр. 26-3/3

1000, Скопје, Македонија

providers