ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Македонски експерти по јавно здравје објавија научен труд во реномираниот European Journal of Public Health 

Политичарите ќе продолжат да ги одбегнуваат препораките од Рамковната конвенција за контрола на тутунот од страв да не ја загубат политичката поддршка


(2 јануари 2013) - Најреномираниот научен журнал за јавно здравје во Европа, European Journal of Public Health, кој има импакт фактор од 2.74 (индекс со кој се мери влијанието на журналот) во најновиот број објави труд на авторите Владимир Лазаревик, Моме Спасовски и Дончо Донев од Институтот за социјална медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. Во трудот оригинално насловен "Between anti-smoking policies and tobacco farming subsidies: the case of Macedonia", авторите ја дискутираат конфликтната политика која Македонија, како и Бугарија ја имаат во однос на контролата на тутунот. Тие укажуваат на потреба за промена на пристапот кон ова прашање. Треба да се обезбедат повеќе средства кои ќе бидат наменети за истражувања преку кои ќе се изнајдат решенија кои би ги задоволиле економските потреби на производителите на тутун, како и приоритетите на населението да се заштити од негативните ефекти на пушењето.

Експертите од Институтот за социјална медицина коментираат дека Република Македонија е една од првите земји во регионот кои имаат усвоено ригорозни мерки за забрана на пушењето во јавни простории. Дополнително, низа други мерки се имплементирани со цел да се заштитат граѓаните од штетните ефекти на тутунот. Но, паралелно со мерките против пушењето, Владата нуди највисоки субвенции на тутунопроизводителите со цел да го стимулира производството кое воедно е голема доходовна гранка за повеќе од 40 000 семејства. Авторите потсетуваат дека Република Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за контрола на тутунот на Светската Здравсгвена Организаијца во 2006 година со што им се приклучи на 176 земји од светот. Два члена од таа конвенција се однесуваат на потребата земјите кои произведуваат тутун да го реориентираат своето производство со други алтернативни култури со цел да се намалат штетните ефекти. Во септември месец 2012 година во Скопје, Меѓународната асоцијацијата на производителите на тутун одржа состанок каде едно од главните барања на тутунопроизводителите беше владите од регионот да се спротистават на барањата на Светската Здравствена Организација и да не ги имплементираат веќе усвоените препораки.

Лазаревик и колегите во European Journal of Public Health укажуваат на фактичката состојба во која се наоѓаат политичарите кои имаат потреба да балансираат помеѓу усвојување на ригорозни политики против пушење, а од друга страна да го субвенционираат тутунопроизводителството со цел да ја одржат политичката поддршка во локалните средини. Овој труд укажува на потреба од промена на пристапот кој Светската Здравствена Организација го имаше кон решение на проблемот со имплементирање на препораките од Рамковната Конвенција за контрола на тутунот. 

Трудот покрај тоа што го афирмира Универзитетот Кирил и Методиј и Медицинскиот факултет во Скопје од каде и доаѓаат авторите, воедно ја афирмира и Република Македонија од причини што низ целиот текст авторите го користат Уставното име на Република Македонија, кое издавачот Oxford University Press не го променил.

Назад кон сите известувања до медиумите.

 

###

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers