ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Заложби на Хелтгрупер

ДОВЕРБА - Ние се залагаме да изградиме долгорочна врска на доверба со нашите клиенти и посетители. Можеме да Ве увериме дека Во Хелтгрупер нема да има  надворешни фактори кои финансиски ќе влијаат врз нашата методологија на проценка на задоволството на пациентите.

ИЗБОР - Ние се залагаме да обезбедиме поголем избор за сите корисници на здравствените услуги во регионот на Југоисточна Европа за тоа каде да ги најдат, и како да ги одберат давателите на здравствени услуги кои најмногу им одговараат.

КВАЛИТЕТ - Ние силно се залагаме да го покачиме квалитетот и стандардите во обезбедувањето на здравствената заштита во земјите од Југоисточна Европа. Од тие причини, за сите земји учеснички за кои нема официјални податоци за квалитетот при обезбедувањето на здравствените услуги, ќе ги користиме нашите онлајн евалуации на задоволство на пациентите како проксииндикатор за квалитет. Веднаш штом официјалните податоци за квалитетот на здравствените услуги ќе станат достапни, ние ќе ги интегрираме во нашата методологија.

ПРИВАТНОСТ - Ние се залагаме да ја заштитиме приватноста на сите наши посетители. Хелтгрупер не бара од Вас да го наведете Вашето име кога сакате да ги евалуирате здравствените установи. Тоа може да го направите анонимно, користејќи го вашето корисничко име.

ПРИСТАП - Ние се залагаме да го подобриме пристапот и да го намалиме времето на чекање до здравствените услуги преку обезбедување на сеопфатни и бесплатни информации за достапноста, квалитетот и задоволството на пациентите од здравствените услуги, како и да го стимулираме процесот на закажување на прегледи преку Интернет.

РАЗМЕНА - Ние сме посветени на континуирана размена на знаења, искуства и информации помеѓу докторите, пациентите и сите даватели на здравствени услуги во државите на Југоисточна Европа.

СОРАБОТКА - Ние сме посветени на тоа да ја зајакнеме националната и прекуграничната соработка помеѓу давателите и корисниците на здравствените услуги во регионот на Југоисточна Европа.

СОЧУВСТВО - Здравјето е лична работа. Во Хелтгрупер сме посветени на сочувство со сите корисници на здравствени услуги и ќе направиме сè што можеме за да им помогнеме на пациентите во нивната потрага да им биде подобро.

ТРАНСПАРЕНТНОСТ - За нас, транспарентноста е круцијална. Ние сакаме да го зголемиме пристапот до квалитетни информации за сите пациенти. Сакаме да им помогнеме полесно да се ориентираат во здравствениот систем. Сакаме да научат повеќе за нивните состојби или болести и брзо да ги најдат докторите. Поради тоа, ги повикуваме сите доктори да ги објават нивните целосни профили за пациентите да можат да ги запознаат онлајн.

УЧЕСТВО - Ние сме посветени на тоа учеството и вклученоста во нашиот проект да е што поголемо. Затоа, овој проект е отворен за предлози кон сите здравствени професионалци и кон сите пациенти.

providers