ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Научната полемика за Плаќањето по учинок

Првиот научен труд "Ставовите на докторите по медицина околу проектот плаќање по учинок" на авторите Лазаревик и Касапинов од меѓународниот проект Хелтгрупер и Институтот за социјална медицина ја отвори полемиката околу проектот плаќање по учинок. Првата реакција пристигна од Министерството за здравство и авторот д-р Ивица Смоковски. 


(Скопје, 3 јануари 2013) - Првиот научен труд "Ставовите на докторите по медицина околу проектот плаќање по учинок" на авторите Лазаревик и Касапинов од меѓународниот проект Хелтгрупер и Институтот за социјална медицина ја отвори полемиката околу проектот плаќање по учинок. Првата реакција пристигна од Министерството за здравство и авторот д-р Ивица Смоковски. Во реакцијата Д-р Смоковски го поздравува научниот пристап во работата, но смета дека авторите употребуваат погрешен термин, кој е несоодветно спореден со американскиот систем, како и дека популацијата доктори кои учествувале во истражувањето, и дел прашањата биле наменети од не медицински туку политички мотиви.

Во одговор на реакцијата, авторите Лазаревик и Касапинов ги отфрлаат критиките во целост. Тие потенцираат дека нивниот труд ја поставил научната основа на проблемот, дефинирал три водечки тези кои во ниту еден момент не се оспорени од здравствените власти, ниту пак од Смоковски во неговото писмо. Дополнително, резултатите од првото истражување за кои се однесува критиката на министерството за здравство, се дополнително потврдени со нови истражувања. Идентични резултати покажале и меѓународните искуства кои биле презентирани на Меѓународниот Самит Кој губи, кој добива? организиран од Хелтгрупер во декември. Ставањето на штрајкот во мирување, возобновувањето на преговорите и постигнување првичен договор одат во прилог на резултатите кои биле објавени. Со тоа, според авторите индиректно се потврдуваат резултатите од истражувањето на Хелтгрупер, тврдат авторите.

Кликнете тука за да пристапите до оригиналната полемика на англиски јазик објавена во Macedonian Journal of Medical Sciences.

Назад кон сите известувања до медиумите.

 

providers