ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Како да го уредам својот профил?

За да го уредите профилот прво треба да се логирате со вашето корисничко име и лозинка во делот Влез. Откако ќе ги наведете корисничкото име и лозинката притиснете го копчето Логин за да се логирате и вклучите во вашиот профил.

Постојат разлики во начинот на кој се уредуваат профилите во зависност од тоа дали уредувате профил на доктор или профил на установа. На пример ако сте доктор на медицина или стоматологија имате седум полиња кои може да ги пополните со информации. Од вас зависи дали и кои полиња сакате да ги пополните.

Општи информации: Овој дел содржи информации кои се однесуваат на годината кога сте дипломирале, краток опис за вашата дејност. На пример ако сте орален хирург со 20 годишно искуство можеби ќе сакате да напишете „Орален хирург со 20 годишно искуство„. Го наведувате вашето име и презиме, одбирате лозинка, точна емаил адреса на крај го притискате копчето поднеси.

Секогаш проверете на кој јазик го уредувате профилот. За да бидете сигурни веднаш до објаснувањето на пример Краток описМакедонски е наведено на кој јазик ќе ви бидат прикажани информациите кои ги наведувате. За да вашите информации бидат достапни и на друг јазик одберете некои од опционалните јазици со притискање на соодветниот јазик.

Локација: Откако ќе ги пополните оштите информации отидете на делот локација. Тука ќе ви се појави мапа на која со помрднување на индикаторот можете да ја означите точната локација каде работите. Пробајте да ја најдете точната локација преку наведување на вашата адреса во делот: Address lookup. Наведете ги само името на улицата, град. На пример: Бул. Гоце Делчев, Скопје. Ако Google не е во можност да ја најде вашата улица, тогаш ви преостанува рачно да го поставите локаторот. Обележете го со глувчето од компјутерот и придвижете го до посакуваната локација. За крај наведете точна адреса, држава, поштенски број и притиснете го копчето Поднеси.

Профил: Тука го наведувате точниот број на вашиот факсимил (ако работите со ФЗОМ), имате можност да ставите ваша слика преку притискање на копчето Browse. Ако сакате можете да наведете лична порака до вашите пациенти, одберете кои се јазици ги зборувате, вашите контакт информации, и краток опис за вас кој ќе се појави кога со глувчето посетитеот ќе ја притисне вашата иконка на мапата. На пример ако сте орален хирург со 20 годишно искуство можеби ќе сакате да напишете „Орален хирург со 20 годишно искуство„. За крај притиснете го копчето Поднеси.

Експертиза и искуство: Овој дел е опционален во зависност од вашиот интерес да наведете нешто што е специфично во вашата работа и би сакале да го дознаат пациентите.

Услуги: Во делот услуги одберете кои анализи (ако имате), медицински состојби или дијагнози, и процедури се работат во вашата установа. Со едноставно штиклирање на соодветната анализа, состојба, дијагноза кои се распределени по делови на тело (глава, врат, гради, раце, стомак, карлица, нозе, грб, бутини, цело тело) информациите ќе се појават во профилот на вашата установа. За успешно зачувување на вашите информации притиснето го копчето Поднеси.

providers