ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
(за доктори)

Како да го уредам мојот профил?

За да го уредите вашиот профил прво мора да се логирате со Вашето корисничко име и лозинка. Откако ќе се логирате во горниот десен агол од сајтот ќе ви се појави текст Здраво (вашето име и презиме), и веднаш до него текст во темно сина боја Уредете го вашиот профил. Кога ќе кликнете на текстот Уредете го вашиот профил, ќе ви се отвори прозорец во кој се содржани одделните делови од профилот кој треба да ги уредите. Со одделно кликнување на секоја од компонентите кои го сочинуваат вашиот профил ја добивате можноста да ги наведете точните податоци.


Како се поставува локацијата на која се наоѓам?

Healthgrouper со помош на Google maps ви нуди уникатна можност да ја поставите на мапата точната локација каде се наоѓа вашата установа, како и точната ваша локација како доктор. За да ја поставите локацијата потребно е: да се логирате, да кликнете во делот уреди профил, потоа кликнете во делот локација. Ќе ви се појави прозорец во кој може да одберете држава, град и да ја наведете точната адреса на вашата установа. На мапата со помош на глувчето од компјутерот помрднете го индикаторот до точната локација. За крај притиснете Зачувај.


Како се праќаат пораки преку Healthgrouper?

Healthgrouper им овозможува на докторите да комуницираат меѓусебно преку испраќање пораки. Оваа можност им е дадена само на регистрираните доктори. За да пратите порака до Ваш колега доктор кој е регистриран на Хелтгрупер, потребно е да го најдете профилот на докторот преку пребарувачот. Едноставно напишете го името на докторот кого го барате, и кликнете Најди. Откако ќе го отворите профилот, во левиот агол од прозорецот под мапата се наоѓа текст Испрати порака. Овој текст ќе се појави само кај профилите на доктори кои ги имаат потврдено своите емаил адреси. Кликнете на текстот и ќе ви се отвори прозорец за пишување порака. Откако ќе ја напишете пораката за крај кликнете Испрати.


Како да ја прикачам мојата фотографија?

Ако сте логирани, кога ќе кликнете на Уредете го вашиот профил, во новиот прозорец кој ќе ви се отвори притиснете го делот Профил. Првата опција која ќе Ви се понуди е да ја поставите Вашата фотографија. Потребно е да имате Ваша фотографија зачувана во вашиот компјутер. Притиснете во делот Choose file, лоцирајте ја фотографијата, одбележете ја, и готови сте. За успешно зачувување на новите податоци притиснете го копчето ЗАЧУВАЈ кое се наоѓа најдолу десно.


Зошто е потребно да имам моја фотографија?

Преку Вашата фотографија пациентите и Вашите колеги можат да Ве запознаат и препознаат. Пожелно е на одбраната фотографија да биде прикажано вашето лице.


Како се одбираат состојбите и процедурите кои ги лекувам?

Во делот Уредете го вашиот профил кликнете на делот Услуги. Тука ќе ви се отвори прозорец кој ќе ви понуди можност да ја одберете вашата специјалност, топ процедурите кои ги лекувате, топ состојбите кои ги лекувате, како и сите останати состојби и процедури. Со едноставно кликање на знакчето “+” кое се наоѓа веднаш пред ознаките за одделните делови од телото (глава, врат, гради, грб, карлица, нозе, раце, стомак и цело тело) ви се отвараат понудените состојби и процедури.


Како да ги одбележам состојбите и процедурите кои ги лекувам?

Доволно е само со маусот да притиснете во празното кавдратче кое се наоѓа до името на состојбата која сакате да посочите дека ја лекувате. Одбележаните состојби и процедури ќе се прикажат во вашиот профил.


Колку состојби и процедури можам да одберам?

Хелтгрупер ви нуди две можности.

  • Во делот Топ состојби и Топ процедури може да одберете најмногу 10 состојби или процедури.

  • Во деловите состојби и процедури кои се наведени подолу може да одберете колку сакате состојби и процедури, но најбитно е да ги одберете тие за кои вистински можете да им понудите услуги на Вашите пациенти.


Зошто е потребно да одберам Топ состојби и Топ процедури?

Оваа можност ви е понудена со цел Вие сами да одберете специјалности за кои имате најголемо искуство и за кои би сакале пациентите да ве пронаоѓаат. Одбраните топ состојби и процедури влегуваат и во делот за споредба.


Зошто е битно да одберам некои од понудените состојби и процедури?

Кога ќе одберете некои од понудените состојби и процедури тогаш Хелтгрупер Ви ги нуди следниве можности.

  • Хелтгрупер пребарувачот е поврзан со понудените состојби и процедури. Кога ќе ја одберете конкретната состојба која Вие ја лекувате, тогаш пациентите или колегите ќе можат многу лесно да ве пронајдат на Хелтгрупер.

  • Кога ќе одберете некои од понудените состојби или процедури, истите автоматски се предедени на сите девет јазика. Така кога некој пацинет или колега од странство ќе сака да се информира за вашиот домен на работа ќе може истото да го направи на својот мајчин јазик.


Дали можам да го променам редоследот на состојбите и процедурите кои ги лекувам?

Да, можете. Доволно е да кликнете на името на состојбата или процедурата, држете го притиснато и со маусот поместете го горе или доле.


Што ако не одберам состојби или процедури?

Ако не одберете некои од понудените состојби и процедури, тогаш ако некој пациент пребарува низ Хелтгрупер одредена состојба за која е заинтересиран да дознае кои доктори или установи ја извршуваат, тогаш Вие нема да бидете излистани во пребарувањето.


Како да додадам нова состојба или процедура?

Хелтгрупер Ви нуди можност да понудите нова состојба или процедура која вие ја лекувате, а истата не е содржана во нашата листа. За да понудите нова состојба или процедура прво треба да бидете логирани. Ако сте логирани доволно е да притиснете тука и ќе ви се отвори нов прозорец каде во левиот агол има текст НОВ ИЛИ ПОДОБАР ПРЕДЛОГ. Може да одберете што сакате да предложите (процедура, анализа, состојба или дефиниција). Наведете го името на вашиот предлог и краток опис. Со притискање на копчето Зачувај вие го поднесувате предлогот до Хелтгрупер.


Како можам да ја ресетирам заборавената лозинка?

За да ја ресетирате заборавената лозинка прво мора да ви е активиран профилот и да имате валидна е-маил адреса. Со притискање на копчето Заборавена лозинка ќе ви се отвори прозорец каде ќе ви се побара вашата е-маил адреса. Наведете ја вашата е-маил адреса и притиснете го копчето Ретриве. Ќе ја добиете лозинката на вашиот е-маил.


Што ако не ја добијам лозинката?

Лозинката нема да ја добиете само во случај да сте регистрирани со друга емаил адреса, или пак профилот да ви е направен од Хелтгрупер. Ако повторно имате проблем пратете ни е-маил.


Што да правам во случај да се најдам на Хелтгрупер, а тој профил јас не сум го направил/а?

Хелтгрупер користи јавно достапни податоци за докторите на медицина и стоматологија. Голем дел од профилите корисниците сами ги прават преку лична апликација. Дел од профилите во нивна основна форма се направени од Хелтгрупер. Ако се најдете на Хелгрупер, доволно е да не контактирате преку е-маил и ние ќе ви го испратиме вашето корисничко име и привремена лозинка. После првото логирање Вие станувате сопственик на профилот и располагате со можност да го уредите во целост.


А што ако не сакам моето име да биде на Хелтгрупер?

Хелтгрупер нема интерес да објавува податоци за доктори и здравствени установи кои не сакаат да бидат дел од нашиот проект. Доволно е да ни испратите е-маил со назнака Избришете ме од Хелтгрупер.


Како можам да го дознаам моето корисничко име?

Наједноставен начин да го дознаете Вашето корисничко име е кога ќе дојдете до Вашиот профил, веднаш под иконката на докторот има текст Вие сте овој доктор? Кликнете на текстот и ќе ви се отвори прозорец со вашето корисничко име и ќе ви ја побара лозинката за да се логирате на профилот.


Што ако сакам да го променам моето корисничко име?

Доволно е да ни пратите емаил и да го посочите посакуваното корисничко име, Хелтгрупер ќе го промени ако истото веќе не е зафатено од друг корисник.

providers