ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
(за пациенти)

Зошто е потребно да се регистрирам на Хелтгрупер?

Со регистрацијата на Хелтгрупер Вие добивате повисоко ниво на пристап до услугите и информациите кои ги нудиме. Регистрацијата не е обврзувачка и Вие можете да пребарувате низ страницата и без да бидете регистрирани. Но, ако сакате да оставите коментар или да споделите искуство од користењето на здравствените услуги, или пак ако сакате да го оцените задоволството од одреден доктор, тогаш мора да бидете регистриран и логирани на сајтот.


Дали услугите кои ги нуди Хелтгрупер се бесплатни?

Сите услуги кои Хелтгрупер им ги нуди на корисниците се бесплатни и ќе останат бесплатни.


Како можам да го најдам докторот кој го барам на Хелтгрупер?

Ако барате конкретен доктор чие име и презиме го знаете тогаш доволно е да го напишете името во Хелтгрупер пребарувачот во делот Барај, и потоа кликнете Најди. Хелтгрупер ќе ги ги покаже на мапата сите доктори кои се дел од нашиот проект и имаат слични имиња и презимиња.


Како да ја видам листата на доктори?

Доволно е да кликнете во делот Додади за споредба кој се наоѓа веднаш над мапата и ќе ви се појави листата со сите доктори и здравствени установи кои сте ги побарале. За да споредите пак доктори, или здравствени ординации доволно е да одберете преку кликање на знакчето + кое се наоѓа веднаш од лева страна на името на докторот или установата. Одбирате до 3 одредници и притискате на копчето Спореди кое се наоѓа веднаш под одредниците од левата страна. Внимателно разгледајте ги квалификациите и одберете го најдобриот доктор.


Ми покажува грешка на сајтот?

Во случај кога пребарувачот ќе ви покаже грешка на сајтот, најчестата причина е дека не сте му одобриле на Google да ја сподели вашата локација. Одобрете го споделувањето на вашата локација со Google и обидете се повторно. Со притискање на копчето Најди ќе ви се прикаже мапата со бараните одредници.


Што означуваат иконите кои се наоѓаат на пребарувачот?

Хелтгрупер има седум филтри кои се прикажани во форма на икони (доктори, болници, ординации, лабратории, забни ординации, аптеки, и центри за рехабилитација. Со одбележување на било која од иконите ви се нудат повеќе можности за специфични пребарувања. Така на пример, ако кликнете на иконата за доктори, Хелтгрупер ќе бара само доктори.


А што ако сакам да најдам доктор од одредена специјалност?

Кликнете во полето Одбери категорија, обележете ја бараната специјалност и кликнете најди. Хелтгрупер ќе ве однесе до сите доктори од таа специјалност во градот од ваш интерес.


На кој начин можам да најдам доктор?

Доктор може да најдете на повеќе начини. Може да пребарувате по име на докторот, по специјалност, по град каде работи, по состојби или процедури кои ги лекува.


Како можам да оставам коментар или искуство од користењето на здравствените услуги?

За да оставите коментар или да оцените доктор и здравствена установа прво е потребно да се логирате на сајтот. Откако ќе се логирате потребно е да ја најдете установата или докторот кој сакате да го оцените. Откако ќе го отворите профилот кој го барате ќе ви се понудат неколку можности (резиме, искуства и задоволство). Со кликање на секое од квадратчињата се отвара нов прозор. Така на пример ако кликнете на делот Искуства и ако сте логирани ќе ви се понуди можност да оставите коментар. Откако ќе го напишете коментарот притиснете Зачувај и вашето искуство ќе биде поднесено. Ве молиме пред да ги оставите коментарите прочитајте ги нашите Правила за објавување поднесоци и коментари.


Како можам да го оценам квалитетот од здравствената услуга?

Покрај споделувањето на вашето искуство, може да ја оцените работата на здравствената установа или доктор со едноставно обележување на едно до пет сонценца во делот Задоволство. Хелтгрупер нуди повеќе прашања преку кои Вие, корисниците на здравствените услуги ќе можете да ги оцените услугите кои ги добивате.


Дали докторот или здравствената установа ќе можат да дознаат кој го оставил коментарот?

Може и не мора. Имено, една од заложбите на Хелтгрупер е да ја почитува приватноста на корисниците. Хелтгрупер не бара од Вас да го наведете Вашето име кога сакате да ги евалуирате здравствените установи. Тоа може да го направите анонимно, користејќи го вашето корисничко име. Но, ако Вие одлучите вашето име да биде објавено тогаш во делот за Корсиничко име наведете го вашето точно име и презиме кое ќе биде прикажано веднаш до коментарот кој сте го оставиле.


Дали моето искуство/коментар ќе биде објавено?

Хелтгрупер ќе ги објави сите искуства кои не содржат навредлива или тендециозна содржина. Пред да бидат објавени, сите поднесоци се прегледуваат.


За што служи апликацијата Кај кој доктор?

Оваа апликација Ви овозможува да најдете доктор или здравствена установа во зависност од проблемот кој Ве мачи. Со едноставно кликање на една од силуетите (жена, дете или маж) ќе Ви се отвори нов прозорец со неколку можности за пребарување по состојби, процедури или анализи. Со движење на маусот по силуетата се осветлуваат деловите од телото. Кликнете на делот каде имате проблем, и од десната страна ќе ви се понудат повеќе можни медицински состојби или процедури. Одберете ја таа состојба која најмногу асоцира на вашиот проблем, веднаш подолу ви се појавува листа на препорачани доктори. Одбележете го докторот кој сакате да го пронајдете и клинете Најди доктор.


Зошто ми се покажува мапата со иконки?

Мапата ви овозможува да ги лоцирате докторите и здравствените установи во зависност од вашата локација.


Како можам да ја променам мојата локација или локацијата каде сакам да пребарувам?

Кликнете го копчето Локација кое се наоѓа во горниот десен агол од Хелтгрупер пребарувачот. Ќе ви се отвори ново прозорче каде ќе можете да одберете држава, град, и радиус во кој сакате да пребарувате. Напомена: За пребарувањето да биде точно потребно е да го поставите индикаторот на мапата на локацијата каде се наоѓате или од каде би сакале да пребарувате.


Дали можам да закажам преглед преку Хелтгрупер?

Наскоро Хелтгрупер ќе ја понуди можноста да закажете преглед преку интернет. Сега, можете само да ги користите контакт информациите кои се содржани во сајтот за да закажете преглед.

providers