ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 

"Помогни да биде подобро" првични резултати за Македонија 


- Повеќе од 70% од испитаните пациенти имаат доверба во своите лекари;

- Хигиена и долгото време на чекање водечки причини за незадоволство во државните здравствени установи;

- Подобри услови, брзина на услугата и односот на лекарите и медицинскиот персонал се водечки причини за приватно лекување;


(Скопје 7 мај 2012) - Колку се задоволни пациентите од лекарите и организацијата во работењето на здравствените установи? Ова е централното прашање на истражувањето кое го спроведе меѓународниот проект Healthgrouper.com во склоп на кампањата “Помогни да биде подобро”. Ова е за прв пат да се спроведе ваков вид кампања во форма на истражување помеѓу пациентите во неколку земји од регионот (Македонија, Бугарија и Србија). Во истражувањето кое се реализираше во текот на месец април 2012 година вкупно учествуваа 3517 пациенти од три соседни земји. Најголем број испитаници или 1479 се од Македонија, 1176 се од Бугарија и 862 пациенти се од Србија. Меѓународниот тим на Хелтгрупер е во подготовка за спроведување на истото истражување и во Словенија со цел да се добијат споредбени податоци за задоволството на пациентите во поширокиот регион.

Соработката, довербата и односот помеѓу лекарите и пациентите се централни елементи кои се основа за успешен процес на лекување. Дополнително во овој контекст треба да се разгледаат и анализираат и организационите аспекти во работењето на здравствените установи кои неминовно влијаат врз релациите кои пациентите ги имаат со своите лекари. Од тие причини истражувањето за пациентите интегрираше прашања кои се однесуваат на директните аспекти во процесот на лекување, но и прашања кои ги опфаќаат организационите фактори во работењето на здравствените установи.

Резултатите од истражувањата Хелтгрупер ќе ги презентира во неколку фази, при што на крај ќе се презентираат и споредбените резултати за сите држави вклучени во истражувањето. Во оваа фаза Хелтгрупер ќе понуди одговори на три прашања кои беа дел од истражувањето и тоа: 

- Дали пациентите им веруваат на лекарите? (дознајте повеќе)

- Зошто во приватно здравство? (дознајте повеќе)

- Што да се подобри во организација на работата на здравствените установи? (дознајте повеќе)

Очекувањата на меѓународниот тим на Хелтгрупер се дека резултатите од овие истражувања ќе допринесат да се споредат и подобрат состојбите за лекување на пациентите, како и да се актуелизираат проблемите со кои се соочуваат пациентите и лекарите во процесот на лекување. Тоа беше и основен мотив поради кој оваа кампања во трите земји го носи истото име “Помогни да биде подобро”.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers