ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.

Цел

Цели на Хелтгрупер се: да го зголеми пристапот до квалитетни информации поврзани со обезбедувањето на здравствените услуги во регионот на Југоисточна Европа, да ја зголеми транспарентноста, соработката и комуникацијата помеѓу корисниците, докторите, стоматолозите и здравствените установи и да придонесе кон покачување на стандардите во обезбедувањето на здравствените услуги.

Визија

Визијата на Хелтгрупер е да прерасне во најголема истражувачка организација во областа на здравјето, здравствените и социјалните политики во регионот.

Мисија

Секојдневната мисија на Хелтгрупер е да го зголеми изборот за корисниците на здравствените услуги, континуирано да влијае на подобрување на квалитетот на здравствените системи во регионот, како и да ја зајакне соработката помеѓу давателите на здравствените услуги.

providers