ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Healthgrouper Summit #2

Скопје, 7 декември 2013 год - сабота 0930ч

Хотел Холидеј Ин,


Правичната дистрибуција на ресурсите во здравството: како до фер ограничувања?


(12 ноември 2013) - Правичната дистрибуција на средства во здравството е едно од најважните прашања во модерното демократско општество. Сè повеќе луѓе ја прашуваат власта како се трошат парите наменети за здравството. Ова станува особено важно и за земјите со социјален систем на задолжително здравствено осигурување, како што е Македонија, како и за земјите каде има приватни системи на осигурување. Кога пациентите имаат потреба од здравство, очекуваат да ги добијат сите бенефиции. Тука, здравствените системи се исправени пред предизвикот како да се справат со сè поголемите очекувања на пациентите во услови на ограничени средства. Овој предизвик е важен не само за сиромашните и средно развиените земји, туку и за богатите земји. Земјите како Македонија, каде официјалната стапка на невработеност е околу 29%, се соочуваат со уште поголеми проблеми како практично да спроведат правично искористеност на средствата наменети за здравјето и во здравството.

Еднодневниот самит на тема „Правична дистрибуција и поставување приоритети во здравството“ ќе ги собере на едно место сите релевантни фактори во здравството во Република Македонија, во присаство на врвни светски експерти да дискутираат  и да понудат одговори и можни решенија на трите централни прашања: Зошто здравјето е толку важно за многу земји да настојуваат да ги дистрибуираат средствата праведно? Кога социјалните разлики се неправедни? Како рационално да се справиме со конкурентните здравствени потреби во услови на ограничени средства? 

На Самитот се поканети да учествуваат сите релевантни чинители во здравствениот систем во Република Македонија. Самитот се организира во соработка со Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Медицинскиот факултет во Скопје (Институт за социјална медицина), Македонското Лекарско Друштво, Здружението на лекари Албанци од Македонија, и Светската Здравствена Организација, Регионалната канцеларија за Европа.

Во прилог е работната агенда и пријавата за учество. 

РАБОТНА АГЕНДА

Пријава за учество

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита.

providers