ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Финален извештај од меѓународниот Хелтгрупер Самит - Кога е фер да се каже не?

„Колку што сме поуспешни во превенирањето на болестите, колку што повеќе се фокусираме кон одржувањето на здравјето, толку повеќе ќе имаме можности за инвестиции во нови технологии, во нови методи, во подолг животен век на нашите граѓани.” Никола Тодоров – Министер за здравство


(14 март 2014) - Меѓународниот истражувачки проект Хелтгрупер го објави финалниот извештај од Самитот одржан во декември 2013 година Кога е фер да се каже не? Извештајот ги резимира сите предавања и дискусии кои се водеа за време на Самитот при што се истакнати најклучните дискусии и поенти на водечките предавачи. Дополнително со извештајот Хелтгрупер го објави и видео матерјалот од Самитот. Меѓународниот Хелтгрупер Самит е водечки настан во областа на здравствените политики и се одржува секоја година во декември месец. Веќе се започнати подготовките за организација на третиот Самит кој треба да се одржи во декември 2014 година.

Др Владимир Лазаревик основач и претседател на Хелтгрупер изјави ”Ние искрено се надеваме дека Самитот кој го организиравме во декември и матерјалите кои произлегоа ќе направат еден мал придонес во развојот на научната мисла и пристапите кон решенија во проблемите со кои се обремени здравствените системи.Се радуваме дека здравствените власти веќе прифатија дел од препораките кои треба да им помогнат како да ги редефинираат пристапите во поставувањето на приоритетите во јавното здравје, и во медицината. На овогодишниот Самит имавме учество и на претставници на официјални институции од Бугарија, Србија и Албанија. Нашата крајна цел е Хелтгрупер Самит да препрасне во традиционален и врвен настан во областа на креирање на здравствените политики во регионот на источна Европа.

(Напомена: При користењето на информациите задолжително да се посочи изворот Healthgrouper.com 2014 Сите права задржани)

Финален извештај во PDF

Видео матерјали од Хелтгрупер Самит

Фото архива од Хелтгрупер Самит 2013

Фото архива од Хелтгрупер Самит 2012

Назад кон сите известувања до медиумите.

###

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers