ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИТЕ

Хелтгрупер успешно го реализираше меѓународниот Самит за Проектот „Плаќање по учинок“. Самитот побуди голема заинтересираност помеѓу учесниците и општата јавност во Република Македонија. На Самитот свое учество земаа врвни меѓународни и домашни експерти од областа кои ги презентираа меѓународните искуства во спроведувањето на слични реформи. Самитот понуди уникатна можност преку отворена, научна и стручна дебата на тема Кој добива, кој губи од проектот Плаќање по учинок да се извлечат основни пораки за проектот „Плаќање по учинок“. Главната цел на Самитот беше како да се направи и успешно имплементира ваков проект во пракса.


(Скопје, 19 декември 2012) - Хелтгрупер ги презентира клучните пораки кои произлегоа од дискусиите и научната дебатата за време на Самитот. Овие пораки се наменети за стручната и пошироката јавност, како и до креаторите на здравствените политики. Хелтгрупер искрено се надева дека преку овие пораки ќе се доближат ставовите на спротиставените страни и ќе се изнајде заедничко прифатливо решение за модификација на проектот „Плаќање по учинок“, кое ќе ги заштити интересите на пациентите, ќе им помогне и мотивира лекарите, како и да ја поддржи иницијативата на Владата поуспешно да ја спроведе предвидената реформа во пракса. (Кликнете тука да го симнете документот)

Клучни пораки од Самитот

1. Утврдената плата на лекарите, треба да се дефинира врз основа на успешноста во работата, измерена преку сет од индикатори кои се објективно поставени во зависност од нивото и квалитетот на здравствената услуга, односот кон пациентите, иновациите во работата (унапредување на процесите, споделување на знаењето и заштеди на ресурсите);

2. Позитивната мотивација и стимулација на докторите, а не казните се основен предуслов за успешна имплементација на било која здравствена реформа;

3. Самитот јасно покажа дека е потребна широка дебата на сите засегнати страни за спроведување на реформите и стабилација на здравствениот систем, како највитален и најскап дел на македонското општество.

###

Кликнете тука за да пристапите до агендата од Самитот.

 

providers