ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Експертите од Хелтгрупер објавија нов научен труд во највлијателниот здравствено политички журнал во Европа - Eurohealth 

Плаќање по учинок во Македонија: Помеѓу добар наслов и лоша реформа


(23 март 2013) - Експертите на Healthgrouper во најновиот број на Eurohealth – здравствено политички журнал на Светската Здравствена Организација која се објавува и публикува во соработка со London School of Economics and Political Science, објавија труд за проектот Плаќање по учинок во Македонија. Во трудот насловен како “Плаќање по учинок во Македонија: Помеѓу добар наслов и лоша реформа” д-р Владимир Лазаревик – директор на Хелтгрупер и д-р Блашко Касапинов - главен медицински офицер ги документираат фрапантните резултати од истражувањето спроведено помеѓу македонските доктори специјалисти. Огромното незадоволство кое го искажуваат македонските доктори и кое беше документирано преку истражувањето спроведено од Healthgrouper наиде на голем меѓународен интерес во здравствено политичките кругови во Европа пред се од причина што ваква анти реформа не е спроведена ниту во една земја.

Оваа публикација е дел од серијата научни трудови и настани кои експертскиот тим на меѓународниот проект Хелтгрупер ги реализираше во изминатите шест месеци.

Eurohealth e квартална научна публикација која обезбедува форум на истражувачите, креаторите на политиките и експертите да ги искажат своите гледишта за разни теми од областа на здравствената политика, и да придонесат кон развој на конструктивна дебата за здравствените политики во Европа. Целта на Eurohealth е да го премости јазот помеѓу научната заедница и креаторите на здравствените политики преку обезберување на можност за публикување на научни трудови базирани на докази, дебати, и дискусии за модерните здравствени системи и теми од здравствената политикa. 

Healthgrouper Самит за Плаќањето по учинок. 

Назад кон сите известувања до медиумите.

###

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers