ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Меѓународен Советодавен Одбор

Меѓународниот советодавен одбор (МСО) е воспоставен со цел да му обезбеди на Хелтгрупер корист од искуството и знаењето на високо селектирана група на меѓународно признаени експерти во областа на здравствениот менаџмент и политика, здравствените реформи, клиничката практика и унапредувањето на правата на пациентите. Мотивот на МСО е да го советува тимот на Хелтгрупер за развојот на здравството во меѓународни рамки, да ја мониторира веб-страницата и нејзините апликации, да го промовира проектот во поширок меѓународен контекст и да отвора можности за нови соработки. Поспецифично, МСО ќе раководи со процесот на развој и мониторинг на „Заложбите на Хелтгрупер за подобро здравство“ кои ќе им бидат понудени на сите установи и доктори претставени на нашата веб-страница. Овие заложби се интегрален дел од нашиот проект и се воспоставени да ги стимулираат докторите и установите во земјите учеснички, како и да работат на промовирањето и достигнувањето на највисоките стандарди во обезбедувањето на здравствените услуги, транспарентноста, задоволството на пациентите, нивната безбедност и дигнитет. МСО ќе му помогне на Хелтгрупер да ја постигне својата цел во промоцијата на концептот на интегрирано здравство каде што секој граѓанин ќе може да ги ужива придобивките на поголем избор, споредба и транспарентност во селекцијата на установи и доктори. Хелтгрупер е платформа за размена на знаењата на квалитетните клинички резултати и добри искуства на пациентите од регионот на Југоисточна Европа.

Еднаш годишно МСО ќе го следи прогресот кој Хелтгрупер го прави кон остварување на своите цели. Членовите на Одборот ќе понудат вредни знаења за тоа како проектот да биде оптимизиран наспроти зацртаните цели.

Одборот ќе публикува редовни прогрес-репорти кои ќе го опишуваат развојот на состојбите согласно со проектот и ќе понудат потенцијални елементи за подобрување. Во насока на нашите заложби за транспарентност, извештаите ќе бидат достапни за јавноста, притоа обезбедувајќи можност сите чинители, установи и доктори да можат да ги мониторираат перформансите на проектот во согласност со највисоките меѓународни стандарди.

providers