ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Плаќање по учинок: Коментари, искуства и сведочења на 300 лекари

"Затоа што е гладијаторски. Секој ден борба човек на човек.”- Сведочење на лекар-специјалист!


Скопје - (12 ноември 2012) - Хелтгрупер интегрално ги објавува сите коментари на докторите поврзани со проектот плаќање по учинок. Учесниците во истражувањето, лекарите-специјалисти запишале околу 1000 причини поради кои треба серизно да се ревидира проектот во предложената форма. Хелтгрупер искрено верува дека овие сведочења на лекарите ќе им помогнат на сите актери да ги осознаат недостатоците, кои се прекубројни.

Healthgrouper ги повикува сите заинтересирани истражувачи, студенти на медицина, доктори, постдипломци на јавно здравје, како и истражувачи од другите факултети да ги искористат податоците за научно истражувачки цели. Овие податоци даваат одличен увид во проблематиката на проектот Плаќање по Учинок. Нудат можност за бројни квалитативни истражувања, за генерирање научни хипотези и нови истражувачки прашања како на пример: Како се одразуваат врз здравјето на пациентите нарушените односи помеѓу лекарите во болниците? Колку повеќе го чини здравствениот систем непотребното зголемување здравствени услуги? Колкав е бројот на лекари специјалисти кои како резултат на проектот ќе ги напуштат државните болници? Какви ќе бидат последиците по здравствениот систем во случај на миграција на лекари специјалисти од државните болници?. Има уште многу други истражувачки прашања на кои ќе биде потребно да се одговори во наредниот период.

Хелтгрупер е подготвен во секое време да понуди стручна поддршка на сите заинтересирани истражувачи во насока на засилување на научно истражувачките капацитети во областа на здравствените политики и здравствениот систем на Република Македонија.

За да пристапите до целосниот нецензориран извештај КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За да пристапите до финалните резултати КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За да пристапите до сите истражувања на Хелтгрупер КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За истражувањето

Истражувањето се спроведе во периодот помеѓу 3-8 ноември 2012 година. Прелиминарните резултати беа објавени во 5 ноември 2012 година. Истражувањето беше комплетирано со вкупно одговори од 304 доктори специјалисти и 9 администратори. Сите доктори кои го започнале истражувањето во целост одговориле на прашања. Прашалникот беше доставен преку емаил само до лекарите специјалисти кои се директно вклучени во проектот Плаќање по Учинок.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers