ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Упатство за објавување поднесоци и коментари

Healthgrouper Ви дава можност и место лесно да ги најдете сите здравствени установи и доктори, поблиску да се запознаете со нивната работа и да донесете сопствена одлука за тоа, кој сакате да Ве лекува. Оваа веб-страница е посветена на здравството, и за нас, скромноста и сочувствувањето се многу важни.

Healthgrouper Ви дава место каде што можете да ги запознаете мислењата и коментарите на други луѓе во врска со нивното искуство при користењето на одредени здравствени услуги.

Ги охрабруваме сите посетители и наши корисници да бидат искрени и отворени во своите коментари.

Пред да бидат објавени, сите поднесоци се прегледуваат. Доколку одредени поднесоци содржат навредлива и тендециозна содржина тие нема да бидат објавени.

Овие упатства се однесуваат за сите содржини кои ги објавувате на нашата веб-страница. За да се создаде позитивна средина, следете ги следните упатства. Повремено проверувајте за сите измени и дополнувања кои ќе се случуваат како што ќе се шири нашата мрежа.

Ве молиме:

  • Бидете свесни дека сте во јавност. Информациите што ќе ги објавите на јавните делови од веб-страницата, се видливи за „СИТЕ“, т. е. може да ги види секој што користи интернет. Бидејќи здравјето е лична работа, повеќето места на веб-страницата како што е делот за Вашите коментари или одговори на истражувањата, Ви даваат можност да објавувате анонимно, но претходно мора да бидете регистрирани на нашата веб-страница.
  • Почитувајте го мислењето на другите. Доколку сметате дека е потребно, можете да се согласите или да не се согласите.
  • Однесувајте се етички коректно.
  • Држете се до темата.
  • Фокусирајте се на фактите. Кога оценувате или оставате мислење за некој доктор, болница или третман, бидете искрени и верни на Вашето лично искуство, а не објавувајте гласини или приказни слушнати од друг. Најдобриот коментар, освен Вашето искуство, вклучува и објаснување зошто искуството е позитивно или негативно.
  • Секогаш давајте јасни и обмислени коментари бидејќи ситуацијата на секој човек е различна.
  • Бидете фер и информативни. Давајте и позитивни и негативни коментари.

Неколку зборови за јазикот: Во нашата заедница вулгарности или груб (недоличен) начин на изразување не е соодветен и не е дозволен!

Забрането е:

  • Навредување, вербален напад или закани кон другите.
  • Преправање дека сте некој друг или користење лажен идентитет.
  • Објавување или поставување линк со содржина која е непристојна или на кој било начин неприфатлива.
  • Употреба на објавите за комерцијални или рекламни цели.
  • Објавување на содржини кои не се Ваши – без разлика дали имате авторско право врз нив или е нечиј личен материјал.
  • НЕ ВЕРУВАЈТЕ во сè што е објавено! Објавата може да биде неточна и несоодветна за Вас и не треба да се смета како медицински совет.
  • Вклучување, поврзување или промовирање на нелегални активности или содржини.
  • Објавување лични податоци за трето лице без негова согласност.
  • Употреба на коментар како можност за навредување, омаловажување и расправија со медицинско лице или здравствена установа.
  • Искажување на негативно мислење без поткрепа со факти.
  • Објавување или поставување директен линк до која било вулгарна содржина насочена кон трето лице, организација или установа.
  • Влегување во расправија и вербална битка преку страната на Healthgrouper.

Запомнете: Сите информации кои се предмет на Ваши објави ги даваат луѓе како Вас. Содржината не претставува медицински совет или дијагноза. Доколку имате специфична медицинска потреба или потреба од итна медицинска помош, Ве молиме контактирајте со Вашиот доктор или со друго стручно медицинско лице.

Healthgrouper ја уредува содржината на сите објави и го задржува правото да ги отстранува оние содржини кои се сметаат за несоодветни. Прекршувањето на овие упатства може да доведе до опоменување, суспендирање или деактивација на Вашиот профил и бришење на сите содржини поврзани со Вашиот профил.

providers