ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
90% од лекарите во Бугарија
се незадоволни од реформите во здравството

- 90% од лекарите се незадоволни од реформите во здравството;

- околу 5000 вработени лекари размислуваат да заминат во странство (проценка);

- 44% од лекарите не би ја препорачале професијата-лекар на помладите колеги;


(15 март 2012) - Меѓународниот интернет проект www.healthgrouper.com ги објави прелиминарните резултати од истражувањето спроведено помеѓу вработените лекари во Република Бугарија за нивното задоволство од работата како доктор.

 

На прашањето Колку сте задоволни од реформите кои се спроведуваат во здравствениот сектор и се одразуваат на Вашата работа како лекар? дури 87.2% од испитаните лекари се изјасниле дека се незадоволни. Како “многу незадоволни” се изјасниле 52.2% од испитаните доктори, дополнителни 27.2% како “незадоволни”, додека 7.8% од докторите за “делумно незадоволни”. На ова прашање 7.8% од испитаниците имале неутрален став. Само 5.0% од вкупниот број испитани лекари се изјасниле како “делумно задоволни”. Ниту еден од испитаните доктори не ја одбрал опцијата “многу задоволен”.

Незадоволството од реформите е поголемо помеѓу докторите кои работат во државниот (95%), но исто така и помеѓу тие кои работат во приватниот здравствен сектор (85%).

Речиси половина или 47% од сите испитани доктори одговориле дека размислуваат да го променат своето работно место. Од нив, дури 78.6% размислуваат да заминат во странство, значително помал процент од испитаните доктори (16.5%) изјавиле дека размислуваат да преминат од државно во приватно здравство. Околу 5% од испитаните доктори размисллуваат дури и да ја променат професијата.

Врз основа на овие податоци конзервативните проценки на www.healthgrouper.com се дека од околу 35000 лекари кои сега работат во Бугарија, приближно 4-5000 лекари размислуваат да заминат во странство, и би ја искористле шансата кога би им се укажала таква можност.

Карактерисичен профил на лекар кој сака да замине во странство е: маж или жена на возраст од 36-45 години, со завршена специјализација, работно искуство од 10-15 години, работи во државно болница, многу незадоволен од ниските плати, немањето јасно дефинирани правила на работа, нереспектиран од општеството.

Во поголем број од коментарите докторите наведуваат дека би останале во Бугарија ако се дефинираат правилата и се прецизира политиката на министерството за здравство.

Би останал в уредена България с правила на работа и адекватна политика на Министерството за Здравство – укажува гинеколог од Софија со 15 годишно работно искуство”.

На прашањето дали би ја препорачале вашата професија на помладите колеги, дури 44% се изјасниле негативно и ги одбрале соодветните опции на скалата. Загрижувачки висок процент од 29% од сите изпитани доктори изјавиле дека воопшто не би ја препорачале професијата доктор на помладите колеги.

Истражувањето им понуди можност на докторите да наведат што најмногу не им се допаѓа во нивната работа како доктори во Бугарија. Анализата на содржината на одговорите (content analysis) утврди 5 главни групи проблеми кои го зголемуваат незадоволството од работата помеѓу докторите во Бугарија.

  • ниските плати и начинот на финансирање од страна на НЗОК;
  • прекумерни и комплицирани административни процедури;
  • нејасни и парцијални реформи, недостиг од визија за развој на здравствениот систем;
  • односот на општеството и медиумите кон лекарите;
  • корупцијата во здравството.

Секоја од овие групи проблеми ќе биде поединечно разработена во конечниот извештај кој Healthgrouper ќе го објави до крајот на месец март 2012 година.

Вашингтон (15 Март 2012) Џим Рајс, претседателот на Меѓународниот советодавен одбор и светски признат експерт во областа на здравствената политика по повод објавувањето на резултатите од истражувањето изјави: “Промените никогаш не се лесни, и реформите во здравството во централна и источна Европа во изминатите пет години поттикнуваат силни емоции помеѓу граѓаните, политичарите и здравствените работници. Не изненадува состојбата дека лекарите во Бугарија поминуваат низ нелагодности и фрустрации во оглед на состојбата дека нивниот однос со пациентите може да се искомплицира како резултат на реформите. Резултатите од истражувањето се очекува да стимулираат бурна дискусија и дебата за политичката рамка на реформите, брзината со која истите се одвиваат, и цената која реформите ја носат. Овие разговори и дебати се пожелни и потребни, и очекуваме да послужат во најдобар интерес на јавноста.

Очекувањата на меѓународниот тим на Healthgrouper се дека истражувањата ќе овозможат дефинирање на проблемите и понудат опции за кристализирање на здравствените политики во одделните држави со што ќе придонесат кон зголемување на транспарентноста во здравствените системи. Ова е второ, од серијата истражувања кои Healthgrouper ги спроведува во земјите од југо-источна Европа. Првото истражување беше спроведено во Република Македонија.

Во истражувањето во Бугарија вкупно учествуваа 255 лекари, од 55 градови низ цела Бугарија, кои претставуваат 54 различни медицински специјалности. Деталната методологија на истражувањето е објаснета во посебен документ. Повеќе информации на www.healthgrouper.com.

За www.healthgrouper.com

Хелтгрупер е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers