ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Потврдено од Healthgrouper

Ознака за квалитет во лекувањето

Квалитет во лекувањето (КЛИКНИ) - Ние во Healthgrouper сме целосно посветени да го покачиме квалитетот и стандардите во лекувањето во Балканските земји. Од тие причини, во Македонија за прв пат започнавме со нов проект за независна, стручна и професионална проценка на квалитетот на услугите кои ги нудат здравствените установи. Проценката на квалитетот се спроведува преку истражувања во кои учествуваат пациентите кои биле корисници на услуги во здравствената установа. Healthgrouper сите истражувања ги спроведува електронски преку лична покана доставена преку е-маил по претходно добиена согласност од пациентите.

Healthgrouper на здравствените установи и пациентите им гаранитира:

Анонимност и доверливост - Пациентите одговараат на прашања кои се поврзани со различни аспекти на лекувањето. Одговорите на пациентите се целосно анонимни. Healthgrouper, здравствената установа или лекарот немаат увид во поединечните одговори на пациентите. Во истражувањето учествуваат само пациенти кои биле корисници на здравствени услуги.

Професионалност и стручност - Нашите истражувања се спроведуваат професионално без можност за било какво влијание во конечните резултати. Истражувањата ги спроведуваме врз точно дефинирана популација пациенти кои го пренесуваат нивното искуство во процесот на лекување. Истражувачкиот тим користи најсовремени методи на анализа и обработка на податоците.

Ознака за квалитет - По комплетирање на истражувањето доставуваме финален извештај до здравствената установа која го нарачала истражувањето. Конечниот и одобрен извештај со ознака за квалитет "Потврдено од Healthgrouper" го објавуваме на профилот на здравствената установа на Healthgrouper. Исто така финалните извештаи ќе може да ги добиете и во здравствените установи каде се лекувате. (Види извештај за квалитет).


ПОТВРДА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВАШАТА РАБОТА

Уверете ги Вашите пациенти во квалитетот на лекувањето. Дознајте колку пациентите Ви веруваат. Подобрете ја Вашата работа. Привлечете нови пациенти. Бидете предводници во независно потврден квалитет во лекувањето кое им го нудите на Вашите пациенти.

За ординации најмалку 50 пациенти - За да се одобри конечен извештај со ознака "Потврдено од Healthgrouper" за ординации потребно е во истражувањето да учествуваат најмалку 50 пацинети кои во целост ќе одговорат на прашањата. На секој финален извештај потврден од Healthgrouper на видливо место е поставена бројката на пациенти кои одговориле на истражувањето.

За болници најмалку 250 пациенти - За да се одобри конечен извештај со ознака "Потврдено од Healthgrouper" за болници потребно е во истражувањето да учествуваат најмалку 250 пацинети кои во целост ќе одговорат на прашањата. На секој финален извештај потврден од Healthgrouper на видливо место е поставена бројката на пациенти кои одговориле на истражувањето.

Извештај за доктор - Healthgrouper на сите здравствени установи им нуди можност да нарачаат и индивидуални извештаи за квалитет во лекувањето кај конкретен доктор. Така пациентите ќе можат да имаат директен и брз увид во задоволството од услугите кај докторот кој ги лекува.

providers