ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Лекувај се проверено! 

(Скопје 27 јуни) Нов проект на Хелтгрупер!!! За прв пат во Македонија Healthgrouper започна со нов проект за независна, стручна и професионална проценка на квалитетот на услугите кои ги нудат здравствените установи. Проценката на квалитетот се спроведува преку истражувања во кои учествуваат пациентите кои биле корисници на услугите. Healthgrouper сите истражувања ги спроведува електронски со лична покана доставена преку е-маил по претходно добиена согласност од пациентите. По комплетирање на истражувањето Healthgrouper до здравствената установа доставува финален извештај со ознака за квалитет "Потврдено од Healthgrouper" кој се објавува на профилот на здравствената установа на Healthgrouper. Пациентите финалните извештаи ќе може да ги добијат и во здравствените установи каде се лекуваат. (Види извештај за квалитет PDF).

За ординации најмалку 50 пациенти - За да се одобри конечен извештај со ознака "Потврдено од Healthgrouper" за ординации потребно е во истражувањето да учествуваат најмалку 50 пацинети кои во целост ќе одговорат на прашањата. На секој финален извештај потврден од Healthgrouper на видливо место е поставена бројката на пациенти кои одговориле на истражувањето.

За болници најмалку 250 пациенти - За да се одобри конечен извештај со ознака "Потврдено од Healthgrouper" за болници потребно е во истражувањето да учествуваат најмалку 250 пацинети кои во целост ќе одговорат на прашањата.

Извештај за доктор - Healthgrouper на сите здравствени установи им нуди можност да нарачаат и индивидуални извештаи за квалитет во лекувањето кај конкретен доктор. Така пациентите ќе можат да имаат директен и брз увид во задоволството од услугите кај докторот кој ги лекува. (Дознајте повеќе)

###

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers