ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 

 

 

 
 
Финансирање базирано на резултати во здравствениот систем на Македонија

 

Healthgrouper од Република Македонија е добитник на истражувачки меѓународен грант од страна на Alliance for Health Policy and Systems Research за проектот Плаќање по учинок. Овој грант е дел од глобалниот повик за спроведување студии на случај (case studies) истражувања во областа на тема Плаќање по успешност од Модел до Систем. Проектот ќе се спроведува преку координација со Институтот за Тропска Медицина, од Антверп, Белгија како дел од мулти кантри студија за спроведување слични модели на плаќање по учинок/успешност во здравството, во различни земји. Самиот проект претставува вистински предизвик и можност за промоција на нашите достигнувања во оваа реформа во однос на искуствата од други земји. Во прилог линк до целосната листа на победници.

Оваа истражувачка студијата е сконцентрирана на системската анализа на две меѓусебно поврзани здравствени реформи на финансирањето базирано на резултати од работата, а тоа се системот на Дијагностички Сродните Групи (ДСГ) и Плаќањето по учинок (ППУ), кои се воведени во Македонија. Целта на истражувањето ќе биде да се објасни како овие два реформски процеса се спроведени во Македонија од нивната иницијална идеја до конечно имплементирање во пракса.

Истражувањето детално ќе ги опише сите чекори од развојот на овие две реформи на финансирањето базирано на резултати (ДСГ и ППУ) во Македонија во периодот од 2006-2014 год. Истражувањето ќе опфати прашања поврзани со клучните теми кои опфаќаат овие две реформи. Крајната цел е да се произведе детална анализа на причините зошто се воведени овие реформи, какви биле иницијалните очекувања, како се одвивал процесот и какви се сегашните резултати.

Ова истражување методолошки ќе биде квалитативно-квантитативно, со употреба на прашалници како главни истражувачки инструменти. Во квалитативниот дел, ќе се спроведат интервјуа со клучните лица кои учествувале во иницијацијата и спроведувањето на овие реформи. Во квантитативниот дел, ќе се спроведат интернет анкети помеѓу лекарите, кои се директно засегнати со спроведните реформи.

This information has been prepared within the framework of the project financed by Alliance for Health Policy and Systems Research, academically coordinated by the Institute of Tropical Medicine in Antwerp.

The views expressed in this research are those of the authors and do not necessarily represent opinions of the Alliance for Health Policy and Systems Research and the Institute of Tropical Medicine in Antwerp.

providers