ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 

 

Владимир Лазаревик ангажиран од СЗО за Европа како дел од Мисијата за подршка на здравствениот систем во соседна Република Србија

На сликата (Маргарет Чeн - генерален директор на СЗО, Сузана Јакаб - Регионален Директор на СЗО за Европа, и Владимир Лазаревик)

Директорот на меѓународниот проект Хелтгрупер д-р Владимир Лазаревик е ангажиран од страна на Светската Здравствена Организација за Европа како експерт за организација на здравствени системи во мисијата за помош на поплавените региони во соседна Република Србија.

Д-р Лазаревик е дел од мултидисциплинарен тим кој ќе има за цел во директна соработка со здравствените власти во Република Србија да ги проценат штетите по здравствениот систем, инфраструктураната состојба на здравствените објекти како и епидемиолошката состојба во зафатените со поплава населени региони.

Специфичната задача на Лазаревик во соработка со здравствените власти на Србија и експертскиот тим на СЗО да изготват стратегија за рехабилитација на здравствениот систем, како и развој на краткорочни и среднорочни индикатори преку кои ќе се следат состојбите.

Д-р Лазаревик во периодот 2006-2010 година беше член на Постојаниот Комитет на СЗО за Европа, и Извршен Претседател со Регионалното Собрание на СЗО кое се одржа во Москва во 2010 година.

providers