ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Што им е најважно на пациентите кога одат на доктор? 

- Три карактеристики кои им се најважни на пациентите се Довербата, Квалитетот и Искуството на докторот;

 


(Скопје 1 јули 2012) - Меѓународниот проект Хелтгрупер спроведе истражување помеѓу корисниците на здравствени услуги за да утврди кои работи им се најважни кога одат на доктор. На учесниците во истражувањето им беа понудени 10 опции да ги подредат по приоритет во зависност од нивните лични убедувања. Ова се резултатите од истражувањето спроведено во Македонија и рангирани по редослед:

1. Довербата во докторот;

2. Квалитет на услугата;

3. Искуство на докторот;

4. Цена на услугата;

5. Опремата со која располага докторот;

6. Брзина на услугата;

7. Приватност во лекувањето;

8. Да го знам докторот кој ме лекува;

9. Препораки од други пациенти;

10. Да има договор со ФЗОМ;

Како најбитни три карактеристики кои им се важни на пациентите се одвојуваат Довербата, Квалитетот и Искуството на докторот. Ова се водечките приоритети на мнозинството пациенти кои учестувувале во истражувањето. Втората група приоритети ја предводат Цената на услугите, Опремата и Брзината со која е испорачана услугата. И конечно, во последната група приоритети влегуваат Приватноста, Познавањето на докторот, Препораките од други пациенти, како и докторот да има склучено договор со ФЗОМ.

Ова истражување беше спроведено во Македонија во текот на месец јуни 2012 година. Вкупно 100 испитаници во целост одговорија на поставените прашања. Истото истражување се спроведува и во Бугарија и Србија со цел да се добијат компаративни податоци помеѓу пациентите во трите земји. 

###

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers