ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Дали лекарите ќе успеат да ги остварат своите барања? 

Речиси половина (44.4%) од сите испитани лекари не знаат дали ќе успеат да ги остварат своите барања.

Најчести причините поради кои лекарите сметаат дека штрајкот нема да успее се стравот, (не) единството на лекарската фела, големите политички влијанија и стравот од загуба на работното место.


Скопје - (23 септември 2012) - Додека мнозинството од лекарите ги поддржува трите основни причини поради кои е свикан штрајкот, речиси половина (44.4%) од сите испитани лекари не знаат дали лекарите ќе успеат да ги остварат своите барања. Од вкупно 327 доктори кои земаа учество во истражувањето кое го спроведе меѓународниот проект Хелтгрупер околу 40% имаат позитивен став дека лекарите ќе успеат да ги остварат своите барања, околу 16% не веруваат дека штрајкот ќе успее да влијае врз состојбата во која се наоѓаат лекарите, додека убедливо најголем процент од сите испитани лекари ја одбрале опцијата “НЕ ЗНАМ” (Слика 1).

Најчести причините поради кои лекарите сметаат дека штрајкот нема да успее се: неединството на лекарската фела, големите политички влијанија и стравот од загуба на работното место.

Согледувања и препораки

Преку дијалог да се изнајде компромисно решение кое ќе ги задоволи интересите на Владата да го спроведе проектот, и потребата на лекарите да се интегрираат нивните забелешки;

Министерството за здравство да утврди јасна напишана методологија која детално ќе ги објасни сите параметри кои ги вклучува моделот за плаќање по учинок;

Министерството за здравство да изготви независен извештај кој ќе го истражи досегашното спроведување на моделот за плаќање по учинок.

Превземете го целосниот извештај во PDF или во Word формат.  

За истражувањето

Во истражувањето вкупно учествуваа 302 доктори на медицина и 25 доктор на стоматологија кои се претставници на 45 различни специјалности. Во однос на нивоата на здравствена заштита, вкупно 141 или околу 41% од докторите работеле во примарно здравство, 56 или 16.2% работеле во специјалистички ординации, 80 или 23.2% во болници, и 68 или 20% во универзитетски клиники. Просечната возраст на испитаниците е 45.6 години, при што е најголема застапеноста од 48% на докторите кои имаат работен стаж над 20 години. Од сите испитани доктори вкупно 38% работат во државно здравство, 47% во приватно здравство кое има договор со ФЗОМ, и дополнителни 13% во приватно здравство кое нема договор со ФЗОМ.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers