ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Во Македонија се формираше национална ТБ коалиција,прва во Југоисточна Европа

Македонија- земја лидер во регинот во борбата со туберкулозата во делот на вклучувањето на граѓанскиот сектор, како и интерсекторската работа


(05 jуни 2014) - Во Македонија се формираше национална ТБ коалиција за соработка помеѓу здруженијата кои работат кон постигнување исти цели во областа на превенцијата, контрола како и обезбедување информации и услуги на населението поврзани со туберкулозата во Република Македонија.

Оваа неформална платформа има за цел да ги дефинира и утврди основните приоритети во обезбедувањето на сервисите за ТБ; да постигне согласност во развојот на заеднички план за оддржливост на сервисите; и да обезбедат интеграција и координација на активностите помеѓу постоечките и новите невладини организации. Во коалицијата ќе се членува на доброволна основа и нејзината работа се базира на следните принципи: транспарентност, еднаквост и координација.”

Работата на коалицијата ќе се реализира преку одржување редовни состаноци со учество на сите заинтересирани и засегнати страни. На првиот состанок присуствуваа претставници од 12 здруженија, како и претставници на Министерството за здравство, Националниот координативен механизам, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза,Црвен крст на РМ и Светската Здравствена Организација(СЗО).”

На состанокот беа присутни и претставници Global Health Advocates г-ин Андреа Кораца и г-ин Патрик Бертранд .Тие во своето обраќање до присутните ја поздравија оваа иницијатива која за прв пат се формира во регионот на Југо-источна Европа што Македонија ја поставува како една од земјите лидери во борбата со туберкулозата во делот на вклучувањето на граѓанскиот сектор, како и интерсекторската работа. Иницијативата е организирана од страна на здружението Центар за медицина, екологија и истражување- МЕРЦ кое повеќе годни работи на полето на превенција, едукација, застапување и истражување за туберкулоза во Македонија. МЕРЦ е партнер на STOP TB partnership (СЗО) и член на TB Coalition Europe. ”

providers