ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Хронологија на реформите во здравството во изминатите 20 години 

Додека недостатокот од податоци за проценка на ефектите на реформите во здравството претставува сериозна пречка за аналитичарите на здравствениот систем, тој недостаток е практично придобивка за политичарите. Недостатокот од податоци им овозможува на политичарите лесно да манипулираат со бројките, успесите, и целите кои треба да ги остварат планираните политики.


(3 март 2013) - Во еминентниот научен журнал Прилози кој го издава Македонската Академија на Науките и Уметностите е објавен значаен труд за хронологијата на реформите во здравството во Македонија во периодот 1991- 2011 година.

Др Владимир Лазаревик и колегите од Институтот за социјална медицина при Медицинскиот факултет во Скопје како автори на трудот ги систематизираат најзначајните рефомски процеси во три основни периоди согласно промената на политиката во државата во: постсоцијалистички, про-пазарен и период на манифесто реформи.

Основа за поделба на три периоди на реформите се крупните политичко економски случувања во Македонија. Трудот ги опфаќа главните промени кои се имаат случено во здравствениот систем во Република Македонија. Авторите истакнуваат дека и покрај безбројните реформи во здравството постојат многу малку достапни податоци за вистинските ефекти кои одредените реформски чекори ги имаат врз граѓаните. Недостатокот од веродостојни статистички податоци, како и непостоењето јасно утврдени процедури за проценка на конкретните здравствени политики става сериозна дамка на целиот транзициски реформски процес.

Оваа научна публикација е значајна од аспект на покренување иницијатива за спроведување нови истражувања и барање одговори на повеќе прашања:

Какви се ефектите од поединечните реформи врз здравјето на населението?

Која е вредноста на здравствените реформи во однос на спасените човечки животи?

Како да се поврзат трендовите на подобрување во животниот статус на населението со превземените реформски мерки?

Додека недостатокот од податоци за проценка на ефектите на реформите во здравството претставува сериозна пречка за аналитичарите на здравствениот систем, тој недостаток е практично придобивка за политичарите. Недостатокот од податоци им овозможува на министрите за здравство лесно да манипулираат со бројките, успесите, и целите кои треба да ги остварат планираните политики. Популистичкото најавување бројни проекти кое е карактеристично во изминатите неколку години, во ниту еден случаj не е проследено со јасна методологија за проценка на успехот од истите. Од друга страна, досега речиси и да нема публикувано истражување кое ги обработува реформите од гледна точка на ставовите/искуствата кои ги имаат лекарите во однос на реформите кои се спроведени во здравствениот систем.

Како надополнување на овој научен труд, меѓународниот проект Хелтгрупер спроведе ново истражување помеѓу лекарите во Република Македонија со цел да ги истражи искуствата од реформите од гледна страна на лекарите кои работат во различни нивоа на здравствениот систем. Резултатите од ова истражување отвораат сосема нови дилеми за ефектите од реформите во здравството. Хелтгрупер ќе ги објави резултатите во текот на наредната недела.

Назад кон сите известувања до медиумите.

Видео: Healthgrouper International Summit on Pay for Performance 

###

www.healthgrouper.com е истражувачки проект за проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers