ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 

Трилогија на апсурдот


Водечки тези за проектот Плаќање по учинок


Скопје (3 декември 2012) - Меѓународниот истражувачки проект Хелтгрупер ги пренесува водечките три тези поврзани со проектот Плаќање по учинок. Тезите се генерирани врз база на истражувања со примена на научно истражувачки методи и користење на меѓународно искуство. Експертите од Хелтгрупер подготвија три научни публикации на англиски јазик кои се доставени за објавување во релевантни научни журнали со импакт фактор. Се очекува публикациите наскоро да бидат објавени и достапни до научната јавност. Со цел тезите на истражувањата да бидат достапни до пошироката јавност извршниот директор на проектот Хелтгрупер Др Владимир Лазаревик преку порталот Кирилица публикуваше коментари во форма на популарни написи. Коментарите на Др Лазаревик во целост го одразуваат истражувањето кое Хелтгрупер го спроведе помеѓу лекарите-специјалисти во Република Македонија.

Во продолжение Ви ги доставуваме линковите од објавените колумни и водечките тези.

- Кој профитира од штрајкот на лекарите?

Теза: "Најголеми добитници од штрајкот на лекарите во државните здравствени установи се всушност приватните болници, а најголеми губитници ќе бидат државниот здравствен систем и пациентите кои се принудени на чекање и дополнителни трошоци. Штрајкот дополнително го зголемува незадоволство и недовербата во државниот здравствен систем помеѓу пациентите.Кој има интерес дополнително да ја зголеми разочараноста на пациентите во државното здравство?"

- Одговорност

Теза: "Одговорноста за штрајкот на работниците во Тојота, не е кај работниците, туку кај менаџерите. Акционерите се тие кои ќе бараат одговорност од менаџментот, а не од работниците. Исто така, одговорноста за штрајкот во здравството не е кај лекарите, туку кај министерот за здравство. Акционерите во државното здравство сме ние, граѓаните."

- Апсурдот на една антиреформа

Теза: "Постоечката форма на проектот Плаќање по Учинок (ППУ) претставува опозит на реформата Дијагностичко Сродни Групи (ДРГ) и со самото тоа претставува класична антиреформа. Додека ДРГ-то ја стимулира тимската работа во клиничката медицина, ППУ директно ги руши тимовите и форсира индивидуален учинок. Свесно се спроведува штетна здравствена политика која е спротивна од интересите на пациентите, лекарите и здравствениот систем во целина."

За да пристапите до целосниот нецензориран извештај КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За да пристапите до финалните резултати КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За да пристапите до сите истражувања на Хелтгрупер КЛИКНЕТЕ ТУКА.

За истражувањето

Истражувањето се спроведе во периодот помеѓу 3-8 ноември 2012 година. Прелиминарните резултати беа објавени во 5 ноември 2012 година. Истражувањето беше комплетирано со вкупно одговори од 304 доктори специјалисти и 9 администратори. Сите доктори кои го започнале истражувањето во целост одговориле на прашања. Прашалникот беше доставен преку емаил само до лекарите специјалисти кои се директно вклучени во проектот Плаќање по Учинок.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и проценка на квалитетот на лекувањето. Healthgrouper им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во Македонија. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers