ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Нашите категории

Имаме седум главни категории на даватели на здравствени услуги: доктори, болнички установи, ординации, лаборатории, стоматолошки ординации, аптеки и рехабилитација. Секоја од овие категории има подкатегории. Следува кус опис на секоја од основните категории:

Доктори: Оваа категорија ги вклучува лиценцирани доктори на медицина и стоматологија. Што значи лиценцирани доктори? Тоа се доктори на медицина и стоматологија кои поседуваат лиценца за работа од Лекарската и Стоматолопшката комора на Македонија, а со тоа и право самостално да укажуваат здравствена заштита. Лиценците за работа се продолжуваат односно обновуваат на секои седум години. Докторите се поделени во две главни групи: лекари и стоматолози (заболекари). Секоја од нив има свои специјалности. Сите доктори од земјите на Југоисточна Европа се поканети да аплицираат и да ни се придружат.

Болници/Болнички установи: Оваа категорија ги вклучува сите здравствени установи кои имаат болничко лекување што подразбира дека имаат болнички кревети и во нив сместуваат пациенти за болнички третман. Во оваа група спаѓаат општи и специјални болници, заводи, институти, клинички болници, универзитетски клиники и универзитетски клинички центри. Со оглед на фактот дека категориите на болници може да се разликуваат од земја до земја, ги молиме сите потенцијални апликанти за болнички профили да ги идентификуваат нивните установи и соодветно распределат согласно предложената поделба.

Ординации: Оваа категорија ги вклучува сите видови на здравствени установи во кои се вршат примарни и специјалистички услуги, без сместување и болнички третман. Во оваа група се опфатени сите видови ординации од примарно ниво (како на пример Општи медицински ординации, гинеколошко-акушерски, хирурпки, офталмолошки и други) како и поликлиники од примарно и секундарно ниво на здравствена заштита. Претставниците на сите ординации се поканети да креираат профили во зависност од поткатегоријата на нивната ординација, специјалноста на докторите или од нивната поврзаност со соодветната установа.

Лаборатории: Оваа категорија ги вклучува сите видови на лаборатории без оглед дали се самостојни правни лица или се организациони единици во состав на друга здравствена установа.

Стоматолошки ординации: Оваа категорија ги вклучува сите видови стоматолошки ординации: општи, специјалистички или поликлиники кои имаат две или повеќе специјалности.

Аптеки: Оваа категорија е примарно наменета за аптеки, но производителите на лекови и веледрогериите се добредојдени да аплицираат. Сите аптеки се поканети да отворат сопствени профили. Ако Вашата аптека е отворена 24 часа, Ве молиме тоа да го додадете во Вашиот профил. Производителите на лекови и веледрогериите се добредојдени да аплицираат и внесат податоци од информативен карактер.

Рехабилитација: Оваа категорија е поделена на две основни поткатегории: спа-центри и рехабилитација. Во спа-центри се вклучени сите институции кои нудат здравствени услуги со користење природен фактор во третманот (термални и минерални води и слично), како и разни видови други услуги (обична масажа, сауна, базен), како и центри во кои се нудат физикални вежби, терапија, акупунктура и останати третмани. Дополнително во оваа категорија се вклучени и центри кои нудат специјализирана рехабилитација за разни видови зависности.

Доколку имате профил на давател на здравствена услуга или докторски профил, а не можете да ја најдете соодветната подкатегорија (вид на здравствена установа или специјалност) за која било од горенаведените категории Ве молиме да ни испратите сугестија тука за да можеме да ја додадеме во нашата листа.

providers