ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Заврши кампањата "Помогни да биде подобро"  

- Вкупно 1479 испитаници учествуваа во истражувањето;

- Дури 531 испитаници навеле свои согледувања како да се подобрат состојбите;


(23 април 2012) - Денес во Република Македонија и официјално заврши камапњата “Помогни да биде подобро” која ја организираше меѓународниот проект www.healthgrouper.com, и ја реализираше во соработка со здравствениот портал www.doktori.mk. Кампањата траеше една недела и се спроведуваше онлајн при што сите граѓани кои користеле здравствени услуги во изминативе 12 месеца имаа можност да учествуваат. Во истражувањето вкупно учествуваа 1479 граѓани со што се надминаа очекувањата на оргнизаторите.

Некои од основните карактеристики на популацијата која учестуваше во истражувањето се следниве: од вкупниот број испитаници огромното мнозинство или 76% се жени, додека 24% се мажи; 92.6% биле осигуреници на ФЗОМ, додека 7.4% се без здравствено осигурување. Најголемиот процент од испитаниците или 57.6% биле корисници на здравствени услуги во изминатите 1-3 месеци. Мнозинството од испитаниците или 81% биле директни корисници на здравствените услуги и одговарале во нивно име, додека 19% го искористиле правото да одговараат во име на член од нивното семејство. На прашањето Што би сакале да се промени или подобри во процесот на лекување во Македонија? Дури 531 граѓанин има напишано свои коментари и согледувања за подобрување на состојбите. По повод завршувањето на истражувањето во Македонија директорот на проектот д-р Владимир Лазаревик истакна “Ова истражување им овозможи на граѓаните за прв пат јавно, отворено и без страв да ги искажат своите искуства при користењето на здравствените услуги во државното и приватното здравство во Македонија. Добиени се драгоцени податоци чија што анализа ќе овозможи да се актуелизираат одредени проблеми со кои граѓаните се соочуваат секојдневно. Исто така, ќе ги потенцираме и позитивните искуства кои несомнено ги има. Сакаме да им се заблагодариме на сите граѓани кои ја искористија оваа можност и придонесоа со нивните одговори да биде подобро. Граѓаните ни укажаа голема доверба и ние ќе продолжиме да работиме во најдобар интерес да се подобрат работите во здравството за сите. Финалниот извештај ќе биде објавен во текот на месец мај 2012.”. 

Во нередниот период стучен тим на меѓународниот проект www.healthgrouper.com ќе ги анализира добиените податоци и ќе излезе со повеќе наоди кои ќе и бидат доставени на увид на јавноста. Кампањата “Помогни да биде подобро” продолжува во соседните Србија и Бугарија каде се одвива со идентичен успех.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers