ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Вие сте доктор?

Ако сте лиценциран доктор по медицина или стоматологија во една од земјите учеснички на нашиот проект, добредојдени сте да аплицирате за Вашиот бесплатен докторски профил. Следете го овој линк, доставете ги бараните податоци. Во рок од 24 до 48 часа од Вашата апликација ќе добиете е-меил во кој ќе бидете запрашани за дополнителни документи како што се копија од лиценца или изјава со Ваш потпис и печат кои ќе го потврдат Вашиот идентитет. Откако ќе ги поднесете документите, ќе добиете известување дека Вашиот докторски профил е активиран и ќе може самите да го уредите следејќи го форматот кој е во прилог. Сите докторски профили мора да бидат поврзани со конкретната установа во која Вие работите. Ако Вашата установа сè уште не е вклучена во нашата мрежа, по Ваша препорака, нашиот тим ќе ја контактира установата со цел да отвори профил. Пред да ни се придружите Ве молиме да ги прочитате Условите за користење на Хелтгрупер.

providers