ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Додади нова установа

Бесплатно е! Сите здравствени установи кои ќе се пронајдат во нашите категории се поканети да аплицираат и да креираат бесплатен основен профил на своите установи. Процесот на апликација се состои од две фази.

Првата фаза е кога претставник од здравствената установа сака да креира профил, го притиска копчето додади нова установа и одбира една од основните категории здравствени установи. Откако ќе ја одберете категоријата во која спаѓа Вашата установа, апликацијата ќе Ве запраша за основните податоци како што се: името на установата, адреса, во која држава и град се наоѓа, подвид на установа, име на директор, лице за контакт и контакт информации. Бирате иницијално корисничко име и лозинка, ја одбележувате Вашата локација на мапата, и го притиската копчето поднеси. Откако ќе аплицирате, во рок од 24 часа, ќе добиете е-меил од нашата служба за корисници, со цел да се потврди веродостојноста на информациите кои се поднесени при апликацијата. Ќе Ви понудиме стандарден документ, во кој директорот или друго овластено лице од Вашата установа, ќе треба да го наведе името на лицето кое ќе биде авторизирано да го уредува или да управува со профилот на Вашата установа. Документите може да ги испратите на факс или да ги скенирате и испратите преку е-меил. Откако овој процес ќе заврши ние ќе го активираме Вашиот профил кој од тој момент ќе можете самите да си го уредувате. Ако Ви е потребна помош од нашиот тим, бидете слободни да нè контактирате на clients@healthgrouper.com. За сите установи кои сакаат да имаат надградени верзии на нивните профили Ве молиме да нè контактирате на телефон +389 2 3122100.

providers