ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Помогни да биде подобро - кампања за вклучување на пациентите 

- Сакаме да ги слушнеме проблемите на пациентите;

- Истражувањето е целосно анонимно;


(16 април 2012) - Меѓународниот проект www.healthgrouper.com од денес ја започнува кампањата “Помогни да биде подобро”. Во кампањата ќе се истражуваат искуствата на сите граѓани кои биле корисници на здравствени услуги во приватен или државен здравствен сектор во изминатите 12 месеци во Република Македонија. До истражувањето може да се пристапи преки веб страниците www.najdidoktor.mk, на www.doktori.mk,  или преку Facebook.

Целта на ова истражување е да понуди повеќе одговори кои може да ги подобрат состојбите за лекување во здравствениот систем на Република Македонија. “Сакаме да ги слушнеме сите проблеми со кои се соочуваат пациентите, како и да ги дознаеме позитивните работи во процесот на лекување” истакна д-р Владимир Лазаревик извршен директор на меѓународниот проект Healthgrouper.com. Искуствата на пациентите ќе помогнат да се актуелизираат и подобрат состојбите за сите во здравството во Македонија. Токму поради тоа оваа кампања за вклучување на пациентите се вика “Помогни да биде подобро”. 

Задоволството на пациентите од процесот, и се разбира крајниот исход на лекувањето се помеѓу најбитните индикатори за проценка на квалитетот на здравствената услуга. Анализата на одговорите ќе овозможи објективно да се увидат и потврдат сите позитивни аспекти од работењето на здравствените установи и докторите, како и да се посочат одредени недостатоци за кои пациентите како корисници можат најдобро да посочат. Ова електронско истражување за прв пат во Македонија им ја нуди можноста на сите корисници на здравствени услуги (пациенти) да бидат уверени дека нивното одговори се целосно анонимни без можност да се утврди како одговориле одделните испитаници. Резултатите ќе бидат презентирани во збирна форма.

Сакаме да ги охрабриме сите корисници на здравствени услуги да ја искористат оваа можност, да учествуваат во истражувањето и да бидат искрени во нивните одговори. Healthgrouper.com истото истражување ќе го спроведе во Бугарија и Србија со цел да се добијат споредбени податоци за искуствата од користењето на здравствени услуги во овие земји.

www.healthgrouper.com е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com.

providers