ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Регионална споредба: Македонските лекари најнезадоволни од статусот во општеството

(5 Април, 2012) Меѓународниот проект www.healthgrouper.com ги објави компаративните податоци од регионалното истражување за задоволството од работата помеѓу лекарите во земјите од југо-источна Европа. Споредбената анализа на водечките фактори кои се причина за незадоволство помеѓу лекарите укажува на многу сличности, но и одредени специфики во одделните држави. Така, мнозинството од лекарите од Македонија, Србија и Бугарија се незадоволни од платите, стресот кој им го причинува работата, лошите реформи, малото општо задоволство од работата и односот на општеството и медиумите кон лекарската професија. Анализа на одговорите како најнезадоволни од платата ги рангира лекарите од Србија, најнезадоволни од реформите кои се спроведуваат во здравството се лекарите од Бугарија, додека во однос на факторот кој се однесува на статусот во општеството најнезадоволни се лекарите од Македонија (Табела 1).

Healthgrouper направи и споредбена анализа на проблемите кои ги наведуваат лекарите од трите земји и кои беа основа да се направат регионални споредби.

Така, ниските месечни примања се заеднички проблем на лекарите од регионот. Исто така, прекумерната оптовареност со администрацијата е проблем кој преовладува кај лекарите во трите земји. Партизацијата го зголемува незадоволството помеѓу лекарите вработени во државниот здравствен сектор во Македонија и Србија, додека лекарите од Бугарија поголем акцент ставаат на недостатокот од јасна визија за развој на здравстветниот систем. Конечно, лекарите од Македонија и Бугарија се незадоволни од статусот кој го имаат во општеството, како и од односот на медиумите кон лекарската професија, за кои сметаат дека се генератори на опшатата негативна перцепција за лекарите. За лекарите кои работат во приватното здравство во Србија голем проблем е неговата целосна маргинализација и нерамноправна положба во однос на државниот здравствен сектор. За разлика од Србија, приватниот здравствен сектор е многу поразвиен во Бугарија и Македонија, и делумно интегиран во системот на социјално здравствено осигурување.

Наредното регионално истражување кое ќе го спроведе Healthgrouper ќе се однесува на задоволството од квалитетот на здравствените услуги помеѓу пациентите во државите од југо-источна Европа.

###

Хелтгрупер е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com..

providers