ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
 
Специјален извештај: Задоволство од работата помеѓу лекарите во Бугарија

Да се организира јавна дебата меѓу главните уредници на медиумите со претставници на лекарската професија со цел да се создаде атмосфера на поддршка и толерантност во општеството, помеѓу медиумите, новинатире, пациентите и лекарите.


| 30 март 2012 | Меѓународниот проект www.healthgrouper.com го објави Специјалниот извештај за задоволството на лекарите од работата во Бугарија. Истражувањето утврди некои од актуелните и општо познати проблеми, но исто така дефинира и фактори кои влијаат позитивно на работата на лекарите. Некои од негативните карактеристики кои преовладуваат во анализата на резултаите преку целото истражување се ниските плати, прекумерната администрација, недостатокот на јасна перспектива за развој и реформи во здравството, однесувањето на општеството и медиумите кон лекарите, како и присаството на корупцијата во здравствениот систем.

Од месечните примања не се задоволни 83 % од лекарите, кои работат во државното здравство. Најголемо незадоволство покажуваат лекарите кои работат во болниците (62%) и универзитетските клиники (53,8%), кои се спремни да го променат своето работно место. Над 60% од сите испитани лекари изјавиле општо незадоволство од работата како лекар во Бугарија. Речиси 73% од лекарите го потенцираат стресот во работата како водечки фактор кој негативно влијае на задоволството од работата. Повторно, стресот е поголем помеѓу лекарите кои работат во државниот сектор. Ова се вознемирувачки податоци кои треба да им го привлечат вниманието на раководните структури во здравствениот систем на Бугарија.

Од друга страна, истражувањето утврди и некои позитивни елементи во работата на лекарите - 72% од лекарите се задоволни од соработката која ја имаат со колегите, а над 83% се задоволни од статусот кој го уживаат помеѓу пациентите. Интересен е податокот дека додека лекарите се чуствуваат ценети и признати помеѓу пациентите, приближно половина или 47% имаат негативно мислење во однос на статусот кој го уживаат во општеството.

Речиси половина или 47% од сите испитани лекари   одговориле дека би го промениле работното место. Од нив78.6% размислуваат да заминат во странство, а значително помал процент (16.5%)сакаат да се префрлат од државниот во приватен здравствен сектор. Околу 5% од испитаните лекари размислуваат да ја променат и својата професија.

Врз основа на анализа на резултатите може да се сегментираат неколку основни заклучоци и препораки на кои треба да се работи во наредниот период.

  • Неопходен е развој на стратегија за здравствениот систем во наредните десет години, при што во тој процес треба да бидат вклучени сите чинители во и околу здравствениот систем;
  • Неопходна е јасна стручна и политичка визија дали воведувањето конкуренција во областа на здравственото осигурување ќе успее да ги задоволи очекувањата на лекарите и пациентите;
  • Да се превземат итни мерки за намалување на административното оптеретување на лекарите кое им пречи во процесот на лекувањето;
  • Да се организира јавна дебата меѓу главните уредници на медиумите со претставници на лекарската професија со цел да се создаде атмосфера на поддршка и толерантност во општеството, помеѓу медиумите, новинатире, пациентите и лекарите.

Важен елемент за успешното спроведување на неопходнитеи реформи во здравствениот систем на Република Бугарија ќе биде и вклучувањето на лекарите во процесот на реформи. Треба да се генерира критична маса од поддржувачи на промените помеѓу лекарите, кои ќе успеат да го неутрализираат акумилираното незадоволство и да бидат лидери во неопходниот процес на подобрување на здравството за сите граѓани на Бугарија.( PDF)

###

Хелтгрупер е интернет сервис за комуникација помеѓу докторите и им нуди сеопфатни информации на пациентите за докторите и здравствените установи во југо-источна Европа. Хелтгрупер спроведува истражувања во сите земји каде проектот е активен со цел да се направат компаративни анализи за состојбите во здравствените системи во регионот и да се унапреди квалитетот на здравствената заштита. Резултатите од истражувањата се објавуваат јавно и се достапни на следниов линк. Повеќе информации може да добиете на www.healthgrouper.com..

providers