ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.
Одбери

Ова е централниот елемент на Healthgrouper. Овој модул за пребарување е специјално дизајниран да Ви овозможи едноставно да го најдете Вашиот доктор или здравствена установа во зависност од Вашите потреби. Одбери и групирај има три основни филтри:

  1. Локација

  2. Пребарувајте по процедура или состојба

  3. Одберете конкретен доктор или установа

При одбирањето на копчето Локација, имате можност да ја одберете државата и градот каде што сакате да пребарувате. Само државите за кои има внесено установи и доктори ќе Ви бидат понудени на избор. На пример, одбирате држава Македонија, град Скопје. Имате можност точно да ја утврдите Вашата локација преку директно движење на индикаторот на картата, или пак преку запишување на Вашата адреса. Потоа определете во колкав радиус околу Вас сакате да пребарувате. Сега сте спремни за истражување на здравството околу вас.

Ако сакате да пребарувате по име на установа, едноставно наведете го името на установата и кликнете најди. Ако пак сакате да пребарувате за конкретна медицинска состојба која Ве мачи, процедура или анализа, повторно наведете го името и кликнете најди. Можете да одберете конкретен тип на специјалност на доктор или стоматолог, или пак вид на установа кои се содржани во нашите седум основни категории. Секоја од категориите содржи поткатегории карактеристични за одделните држави. Одбележете ја иконката за одредената категорија, одберете вид на специјалност или тип установа, притиснете најди и Хелтгрупер ќе Ви ги прикаже бараните резултати. Како што се движите низ мапата и ја одбирате саканата локација, Хелтгрупер Ви дава краток опис на одредницата. Поканети сте да се информирате за Вашиот доктор или здравствена установа, да читате или да пишувате коментари, да одговарате на мини истражувања или да ги споредувате установите.

providers