Историја Градската општа болница „ 8 - ми Септември “ е изградена во почетокот на 1970 година како голема регионална воена болница за поранешната Армија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија . За денешната далеку помала Армија на Република Македонија , болницата има преголем физички капацитет . Болничкиот дел е сместен на 8 ката , при што секој кат има по две одделенија поврзани со заеднички ходник . На секое одделение има по 32 кревета . Првичниот број кревети за хоспитализирани пациенти беше околу 500 кревети . На пониските катови има поликлинички амбуланти , дијагностички кабинети , операциони сали и помошни служби . Болницата е изградена на голема парцела која е оддалечена околу 2 , 5 км од центарот на градот . Вкупната површина на објектот е околу 40 . 000 м2 од повеќе
кои 4 . 000 м2 се доделени на приватна болница за кардиохирургија и 700 м2 на приватна стоматолошка клиника . Во втората половина на 2009 година главна задача беше постоечката Воена болница да се подели на два дела , при што едниот дел се пренесе во сопственост на Министерството за здравство , а останатиот помал дел од болницата остана под Министерство за одбрана како воена амбуланта . Болницата соработува со сите општи и клинички болници и здравствени домови во градот Скопје и државата со тоа што презема и третира пациенти во секундарна и терциерна здравствена заштита , потоа соработува со приватните концесионерски општи амбуланти , со општата служба за итна медицинска помош ( брза помош ), со Републичкиот Завод за Трансфузиологија , Институтот за Јавно Здравје , Министерството за Здравство , Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија и Министерството за Одбрана со кое има потпишано меморандум за пружање здравствена заштита на воените осигуреници . Мисија Мисијата на Градската општа болница „ 8 - ми Септември “ е да обезбедува секундарна и терцијарна медицинска грижа во третманот на пациентите преку давање првокласна , ефикасна и рентабилна услуга на најдобро можно професионално ниво за градот Скопје и Република Македонија . Основните цели и задачи на Болницата , насочени кон остварување на нејзината определба , опфаќаат исполнување на највисоките вредности за интегритет , почит кон луѓето , квалитет , раководење и тимска работа . Болницата е посветена на создавање опкружување во кое пациентот е во центарот на сè што се работи . Исто така , таа е посветена на остварување врвни резултати , како и на начинот како да се постигнат истите .