ДОКТОРИ ОД ДОВЕРБА. ЛЕКУВАЊЕ СО ПРЕПОРАКА.

Видеа

In Memoriam - Проф. д-р Јован Тофоски

Што е навистина evidence based?

Говор на проф. д-р Тофоски, Претседавач со Самитот во декември 2012 година, во улога на вистински лидер и Претседател на Македонското Лекарско Друштво, во одбрана на професијата, и со критика кон условите во кои денес работат лекарите. 

Гледај го видеото


Franz Porzsolt за плаќањето по учинок

Др Порзолт одговара на прашања на новинари за проектот плаќање по учинок во Македонија (Декември 2012 година).

Гледај го видеото


Healthgrouper Самит за плаќање по учинок- Кој добива, кој губи?

Министерството за здравство на Република Македонија пристапи кон развој на нови финансиски стимули за докторите вработени во државните болници со цел да се подобри квалитетот на понудените здравствени услуги. Плаќањето по учинок е еден од механизмите кои има добиено на значење во изминатите десетина години. Ова видео ги прикажува ставовите на домашни и странски експерти за искуствата со спроведувањето на вакви реформи.

Гледај го видеотo


Како се регистрира нов профил?

Во ова видео ќе ви ги покажеме основните чекори за регистрација на нов профил на доктор. Кога се регистрирате потребно е да внесете основни податоци за себе или Вашата институција. Кога ќе ја завршите оваа постапка потребно е нашиот тим да ги прегледа податоците што ќе ги внесете. Штом апликацијата ќе биде одобрена, профилот ќе биде активиран и ќе можете да се логирате и да го уредите. За одобрената апликација или дополнителни информации ќе ве информираме по е-мејл најкасно до 48 часа.

Гледај го видеото


Како да го уредите Вашиот профил?

Во следново видео ќе ви објасниме како да го уредите Вашиот профил откако Вашата апликација е одобрена. Ќе ви покажеме чекор-по-чекор како да ги пополните сите податоци кои сакате да ги презентирате на нашите корисници.

Гледај го видеото

providers