HEALTH SERVICES RESEARCH, AND MUCH MORE...

Re-Medika

Splošne bolnišnice , Skopje

Ре - Медика е првата приватна општа болница во Република Македонија , основана на 7 април 2005 година . Со тоа првпат се поставени светските стандарди за здравство на нашите простори . Ре - Медика ги задоволува барањата на граѓаните за квалитетна и достоинствена здравствена заштита , односно е во функција на подобрување на општото здравје на пошироката заедница . Болничкиот објект е лоциран во мирниот дел на градот Скопје , во подножјето на парк - шумата Гази Баба . се простира на површина од 5 . 200 квадратни метри , на три ката , опкружена со паркови и зеленило , далеку од сообраќајниот метеж , а сепак на само 3 километри од центарот на градот . Ре - Медика располага со вкупно 56 болнички кревети . Сместувањето е по избор на нашите пациенти , во 15 луксузни апартмани , двокреветни more

соби и 10 кревети за интензивна нега . сите соби се луксузно опремени , со што се овозможува удобност , дискреција , опуштена атмосфера , високорангирани стандарди на уредување на санитарните јазли , со посебно внимание на хигиената . Сите апартмани се удобни , добро осветлени , со поглед кон природа . Согласно со потребите на пациентите , во сите соби е инсталирана кабелска телевизија , како и брза адсл интернет - конекција . Хоспитализираните пациенти имаат можност за избор на разновидно мени , соодветно на нивните дневни потреби . Болницата располага со 4 ултрамодерни операциони сали , со дигитален пренос на податоци , можност за телемедицина , како и опрема за снимање на операциите . Најсофистицирана апаратура поставена во две породилни сали со можност за примена на најсовремени начини и методи на породување . Одделението за гинекологија и неонатологија се гарант за најквалитетно сместување на мајката и на новороденчето . Ре - Медика се гордее со искуството , знаењето и вештините на своите специјализирани тимови , кои континуирано ги следат и ги имплементираат најновите светски познати и признаени методи на дијагностицирање и лекување . Ре - Медика , како високостандардизирана болница , има инвестирано во дополнителна техничка поддршка , сè со цел да се обезбеди непречено функционирање на дневните активности на болницата . Инсталирана е сопствена трафостаница , генератор за електрична енергија , модуларни системи за непречено напојување со електрична енергија , со дополнителна инсталација на пренапонски заштити на целиот електричен систем . Поседува интегрирано решение за централна климатизација со сопствена котларница и разладни агрегати , систем за третман на вода , гасна станица за технички гасови , активна централа за рана детекција на пожар , како и систем за видеонадзор . Инсталирањето на системите е во согласност со ISO - стандардите и GIMP - нормите , со посебен акцент на заштедата на електрична eнергија и почит кон животната средина .

City

Skopje

Street

bul. 16 Makedonska brigada 18

Post Code

1000

Analyses Performed

Conditions/Diagnosis

Affiliation

Insurances Accepted

  • National (Social) Health Insurances
    • Contract with Health Insurance Fund of Macedonia
      • Partial contract for some procedures
    • Private patients

      Specialists

      Short Description

      General Hospital

      Procedures Performed

      Telephone #

      02 2603100

      Chief Executive

      Prof.Dr. Andreja Arsovski

      Category

      Splošne bolnišnice

      Profile last changed 1 years ago. Profile is 90.6 % complete.

      Kaj vas moti?

      Označite, ali iščete za moškega, žensko ali otroka, izbirate med deli telesa.
      providers